60-годишнина на Alfa Romeo Giulietta

Alfa Romeo Giulietta Sprint (1954)

Alfa Romeo Giulietta е име од славните времиња на италијанската марка на спортски автомобили. Италијанците го претставија легендарниот моделот пред 60 години.

Раѓањето на Giulietta е како италијанска опера. Никогаш не може да се претпостави што ќе биде следно. По две години од повлекувањето од формнула 1, гордата марка со спортски гени планираше да се пушти по нови патишта. Италијанците имаа убава идеја. Долго пред Volkswagen да го направи Golf, во Милано почна да се развива компактна лимузина со четири врати за купувачи со поскромен буџет, којашто требаше да ја спаси Alfa Romeo од банкрот. Но, во Италија ништо не се случува без драматика. Развојот на лимузината се оддолжи премногу и мораше да се импровизира. Како резултат од тоа произлезе прекрасно спортско возило кое до денес предизвикува срцата на автомобилистите да затропаат посилно.

Место лимузина со четири врати, на салонот во Торино во 1954 година се појави Alfa Romeo Giulietta Sprint. Купето со елегантна линија се произведуваше кај каросерискиот специјалист Bertone. Техниката на моторот од 1,3 литар беше пред своето време и имаше многу влијание од формула 1. Моторот беше изработен од алуминиум, со две брегасти вратила во глава, два карбуратора и хемисферични комори за согорување. Со 65 КС и крајна брзина од тогаш неверојатни 165 km/h го катапултираа Sprint во едно од најбрзите возила. Тежината од 880 килограми придонесуваше и за одличните возни својства.

Дури и шефовите на Alfa беа изненадени од успехот на малечкиот модел. Место планираните 1.000 примероци за преднарачка, пазарот бараше трипати повеќе возила. Италијанците не можеа да произведат доволно возила да ја покријат побарувачката. Во следната година се појави кабриолетот Spider со дизајн од Пининфарина, а потоа и лимузината со 53 КС. Нови модели се редеа во континуитет. Меѓу нив беше и Giulietta Sprint Veloce од првата серија, со 79 КС. Инженерите подоцна го дотераа нејзиниот мотор до 1,3 литар до 100 КС.

Се појави дури и комби со име Alfa Romeo Giulietta Promiscua Colli, кое се произведе во многу мала серија. Успехот на првото колено на Giulietta траеше до 1962 година. Поминаа 15 години додека се појави наследник. Кога долго очекуваната лимузина беше претставена во 1977 година, традиционалистите на Alfa се разочараа. Место со елегантно заоблени форми, каросеријата на Giulietta беше изведена со остри агли и прави линии. Каросеријата кородираше брзо и дури ни напредната трансаксијална конструкција на погонот, со мотор напред и менувач назад, не можеше да го спаси моделот.

Основниот модел имаше 1,3-литарски мотор со 95 КС, потоа следеше 1,6-литарец со 109 КС, додека најсилната верзија возеше со дволитарец со 130 КС. Во 1983 година беше претставен и модел со дволитарски турбодизел со 82 КС. Италијанците се вклучија и во мотоспортот, со Alfa Romeo Giulietta 2,0 Turbodelta. Но, полека доаѓаше време за замена со Alfa 75, со истата техника, така што Turbodelta не успеа да се докаже на трките. Колекционерите плаќаат многу за овој модел којшто се произведе во само 361 примерок. Сепак, поради чувствителноста на каросеријата кон корозија, денес е реткост да се најде добро сочуван примерок.

Во 1985 година заврши ерата на втората серија на Giulietta со интерен код 116. Дури по 25 години се појави наследникот од серијата 940. Актуелниот модел ги следи формите на првата серија, а моторот 1.8 TBi, со 240 КС, директно впрскување и две брегасти вратила во главата потсеќа на долгата историја која што почна пред 60 години со првата Giulietta.

Претходна објаваRange Rover Hybrid LWB: Повеќе простор, помалку гориво
Следна објаваПрви детали околу изгледот на новата Mazda MX-5

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here