550 КС за најбрзиот и најмоќниот Range Rover

Вториот новитет од Land Rover е воедно и најсилниот модел во гамата на англискиот специјалист за теренци – Range Rover Sport SVR со 550 КС

Тој го извозе Нирбургринг, предизвика одушевување во Гудвуд и сега има премиера на калифорнискиот Пебл Бич. Range Rover Sport SVR не е само луксузен теренец, туку и врвен спортист.

Овој Range Rover е толку моќен што британскиот специјалист за терен мораше да измисли сосема нова моделска ознака за него. Отсега, најсилните верзии на моделите на Range Rover ќе ја носат ознаката SVR, како пандан на Mercedes-AMG, BMW M GmbH и Audi RS. Теренецот од највисоката луксузна класа ќе биде претставен официјално на калифорнискиот Пебл Бич на 14-ти август.

Со петлитарскиот V8 со механички компресор и 550 КС, Range Rover Sport SVR е досега најсилниот модел на матичната куќа Land Rover. Спринтот до сто му трае 4,7 секунди, а крајната брзина е ограничена електронски на 260 km/h. Овој болид на висока нога ги имаше последните подготовки за спортската кариера на легендарната патека во Нирбургринг, во „Зелениот пекол“. Тој ја совлада патеката долга преку 22 километри за 8 минути и 14 секунди. Ниту еден друг теренец не успеал побрзо од тоа.

Теренските способности се задржаа во целост. Range Rover Sport SVR го има истиот напреден погон на сите тркала и теренска редукција како моделите од „стандардната“ понуда и може да понира во вода до длабочина од 850 милиметри. Самоносечката каросерија од алуминиум ја намалува тежината на возилото за околу 40 проценти во споредба со претходната генерација. Продажбата ќе стартува в година, а цените уште не се официјално објавени, но може да се очекува ниво од најмалку 100.000 евра. Досега најсилната моделска верзија во гамата на Range Rover Sport имаше 510 КС.

Претходна објаваФилм на Клод Лелуш од 1976 година: Со 250 km/h низ Париз
Следна објаваНовиот Volvo XC90 почна да ѕирка од зад ѕидот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here