35.000 гости на роденденот на „Автомобилскиот град“

За време на викендот повеќе од 35.000 посетители присуствуваа на одбележувањето на 15-от роденден на „Автомобилскиот град“ на Volkswagen во Волфсбург.

Од отворањето во 2000-та година, тематскиот центар посветен на сите марки од концернот Volkswagen пречека повеќе од 30 милиони гости. Тоа е повеќе од доволен повод за спектакуларното одбележување на 15-годишнината на „Автомобилскиот град“ на концернот Volkswagen во Волфсбург. Точно 300 уметници од цел свет беа задолжени да понудат глобално патување во различните тематски целини во овој единствен забавен парк, во когошто сé е поврзано со автомобилите и со марките на концернот Volkswagen. Во почетокот на манифестацијата во саботата присуствуваа дури 12.000 гости, за кои вечерта кулминираше со огномет каков што се помни цел живот.

„Автомобилски град“ во автомобилскиот град Волфсбург
„Автомобилски град“ во автомобилскиот град Волфсбург, на површина од 28 хектари, вреден 430 милиони евра и со илјада вработени

Павиљоните на марките Volkswagen и Audi беа тематски посветени на азискиот континент, додека во „крафтверкот“ (електрана) и во „цајтхаусот“ (временска куќа) настапуваа групи од Јужна Америка. Во павиљоните на Seat, Skoda и на марката доставни возила Volkswagen, како и во премиум клубот, провејуваа теми од северноамериканскиот континент. Павиљонот на Porsche беше бина за уметниците од Австралија, а „излезот“ беше посветен на Африка. Големиот плоштад во „Автоградот“ беше во знак на малите уметници од Европа. Влезот во двата роденденски дена беше бесплатен за сите посетители. Како изгледаше атмосферата на роденденската прослава погледнете во фотогалеријата.

Претходна објаваПловечка приколка или чамец за кампување: Уште еден изум на Германците
Следна објаваНовата Astra е историски најголемата утка на Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here