за ,

3000 КС за нов рекорд за електрични автомобили

Специјалистот за погон на струја Venturi го претстави болидот за уривање рекорди. Актуелната вредност е 495 km/h, Французите веруваат дека ќе постигнат преку 600 km/h.

Дури и ако обидот за поставување нов рекорд не успее, Venturi нема да има причина да жали. Во 2010 година тие го поставија актуелниот рекорд за електрични автомобили на 495 km/h и сега се натпреваруваат сами со себе. Болидот со ознака VBB 3.0 е развиен во соработка со Универзитетот во Охајо и поседува моќност од 3.000 КС.

Електричното возило во форма на цигара веќе е подготвено за рекордното возење, но мора да се чекаат подобри временски услови. Точниот датум не е утврден, но сосема е извесно дека рекордот ќе се урива до крајот на оваа година, затоа што во следната веќе претстои нов обид за поставување рекорд на 700 km/h. Во 2015 година ќе се оди на уште побрзо. Зад воланот на Venturi VBB 3.0 ќе седи искусниот возач и актуелен рекордер Роџер Шроер од Центарот за развој на транспорт во Охајо.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes C-Class: Малиот брат на класата S доаѓа в година

Тест • Suzuki Swift Sport