14,4 милиони долари плата за шефицата на General Motors

Новата шефица Мери Бара ќе заработува многу повеќе од нејзиниот претходник Ден Акерсон. Секако дека и успешноста на компанијата влијае дополнително врз платата.

Концернот General Motors синоќа објави дека Мери Бара која што застана на челото на компанијата во јануари ќе добива годишна плата од 14,4 милиони долари (10,6 милиони евра). Со тоа актуелната шефица ќе заработува повеќе од нејзиниот претходник Ден Акерсон, чија што годишна плата изнесуваше девет милиони долари.

По преземањето на одговорната функција во американскиот гигант, медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека првата дама на чело на автомобилски концерн ќе добива значително пониска плата од нејзиниот машки претходник.

Според соопштението за печат од компанијата, инженерката Бара ќе добива основна плата од 1,6 милион долари, а веднаш и следува бонус во висина од 2,8 милиони долари. На тоа доаѓаат уште акции во вредност од 10 милиони долари, коишто ќе се издаваат одложено. Се подразбира дека платата на првата дама во автомобилската бранша може да биде и поголема доколку на крајот на годината компанијата покаже позитивни резултати.

Претходна објаваSeat Leon Cupra се мести за трка со 280 КС
Следна објаваЗошто користените автомобили станаа толку евтини?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here