за

105 години стар Rolls-Royce се врати во музеј по релито од 3.000 километри

Во седиштето на марката пристигна еден од најстарите примероци на Silver Ghost, откако успешно го совлада релито долго 3.000 километри по Алпите.

Бесценетиот дел од историјата на Rolls-Royce со стартен број 1 на релито успешно ги совлада предизвиците на релито возејќи по рутата која што е тешка и за денешните автомобили, вклучувајќи го меѓу другото и совладувањето на планинските превои Стелвио и Љубељ, на Италијанските Апли, односно на Караванките. По овој историски успех, автомобилот ќе биде изложен во фоајето на седиштето на Rolls-Royce во Гудвуд, во Западен Сасекс.

rr silver dawn 1

Silver Dawn е произведен во 1908 година, сé уште ја има истата регистерска табличка и шасијата, моторот, менувачот и предната и задната оска се во оригинална состојба. Сите главни компоненти се произведени во 1908 година, па дури и клиповите на моторот не се сменети.

Аплското рели одбележа важен момент од историјата на британската марка. Пред сто години, колона од четири Rolls-Royce Silver Ghost стартуваа на Релито по Австриските Апли, како една од најтешките трки во издржливост во тоа време. Совладувајќи 3.000 километри во исклучително тешки услови, овој подвиг ги постави темелите на имиџот на Rolls-Royce како производител на неуништливи и совршени автомобили, кој важи до денес.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Се враќа комбито во гамата на Honda Civic

Моника Белучи со Maserati на Фестивалот во Венеција