Volkswagen направи вистинска револуција со осмата генерација на моделот од средната класа: Хибриден модел Passat GTE, многу повпечатлив дизајн и ниво на квалитет и комфор што обично се карактеристика на премиум марките.
1. Благодарение на иновативната конструкција, новиот Passat е до 85 килограми полесен во споредба со претходникот.
2. Сите мотори доживуваат премиерно вградување во Passat, со потрошувачка намалена до 20 проценти.
3. Најсилен модел со дизел мотор е Passat 2.0 TDI, со битурбо натполнење и 240 КС. Просечната потрошувачка на гориво изнесува само 5,3 литри на 100 километри.
4. Од следната година бестселерот ќе биде достапен и во верзијата Passat GTE со хибриден погон со можност за полнење на батериите на обичен приклучок за струја. Системската моќност на овој Passat изнесува 218 КС.
5. Во највисокото ниво на опрема Highline стандардно се вградуваат диодни светла.
6. Деби во Passat доживуваат цела серија од системи за асистенција: Самостојно сопирање во случај на опасност при градска брзина на возење, со препознавање пешаци; асистенција при влечење приколка; самостојно запирање и забрзување при возење во градски метеж; систем за автоматски повик до службите за итна помош при незгода.
7. Новиот Passat е прв модел на Volkswagen со активен информациски дисплеј и со проекциски дисплеј.
8. Со новиот Passat дебитира осмата генерација на моделот што од 1973 година се произведе во близу 22 милиони примероци.
9. Со 1,1 милион произведени примероци годишно (во 2013 година, вклучувајќи ги и дериватите) моделската серија на Passat e број 1 во концернот.
10. Почетокот на продажбата на европскиот пазар е во ноември, а на интернационалните пазари од стартот на следната година.
















