за

Јубилеен F60America за годишнината на Ferrari во САД

За одбележување на 60-годишнината во Северна Америка, Ferrari се навраќа на традицијата да произведува ограничени серии на модели исклучиво по нарачка на купувачите.

Ferrari го претстави моделот F60America, базиран на моделот F12, во знак на одбележување на 60-годишното присуство на марката на северноамериканските пазари. Само 10 примероци ќе се произведат од оваа ограничена серија, којашто ги спојува двете „слабости“ на Американците, мотор V12 и возење под отворено небо. Ексклузивниот модел ќе биде претставен утревечер на прославата на јубилејот во „Сити Хол“ во Беверли Хил.

2138790123876 ferrari

F60America се препознава по различно дизајнираните страници на каросеријата, додека напред доминира класична маска на Ferrari со хромиран финиш и интегрирани канали за воздух за сопирачките. Кабината е изведена асиметрично, односно со црвена боја на возачкото место и црна боја на местото на совозачот. Целата кабина е обложена со специјални материјали, различни од „стандардниот“ модел.
На арматурната табла, средишната конзола и тунелот, како и на облогите во вратите се поставени скапоцени и лесни композитни материјали. На тркачките седишта се наоѓа стилизирано американско знаме.

21386790123876 ferrari

Каросеријата е бојадисана во препознатливиот стил на тркачките возила на North American Racing Team, во сина боја со бела лента по должината на возилото, дополнително изведена со амблемот за 60-годишнината на Ferrari на крилата и во средишниот тунел. Сите 10 примероци се веќе резервирани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model S со погон на сите тркала и 700 КС

Volkswagen веќе во оваа година ќе достигне 10 милиони возила