Шефот на Daimler им чита автомобилски приказни на децата

Томас Вебер, првиот човек за развој во Mercedes, читаше пред 200 дечиња на тема „Зошто мораме автомобилите да ги измислиме вторпат“. Тие се одушевија најмногу од веста за автомобилите што управуваат сами.

Членот на управниот одбор на Daimler и прв човек за развој на нови модели и технологии за марката Mercedes, проф. др. Томас Вебер, на околу 200 германски дечиња им читаше за иднината на автомобилите, на тема „Зошто мораме автомобилите да ги измислиме вторпат.“ Децата научија дека модерните автомобили поседуваат очи и уши, но дознаа и за способноста што денешните автомобили ја имаат преземено од лилјаците. Угледниот инженер на тој начин ги запознаваше децата со бројните системи за асистенција што ги поседуваат автомобилите, со сите нивни сензори, камери, радари и ласери и податоци што пристигаат преку интернет или сателитска врска.

Дечињата особено се одушевија од тоа што автомобилите наскоро ќе почнат да возат самостојно. На крајот, Вебер побара „совети“ од нив, за заедно да направат автомобилите да бидат уште подобри и да го создадат автомобилот од соништата.

Претходна објаваОвие часовници изгледаат исто како брзиномерот во вашиот олдтајмер
Следна објаваКога се поправа, а кога се менува пукнато ветробранско стакло?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here