Како награда за освојувањето на втората шампионска титула во германската „туристичка класа“, Марко Витман го презеде новиот службен BMW M4 Coupe. Уникатниот примерок од спортското купе доби многубројни додатоци од програмата M Performance, по нарачка на шампионот.
Марко Витман по вторпат ја освои шампионската титула во германското првенство со туристички возила и веќе го има новото службено возило, BMW M4 Coupe со каросерија во јава-зелена боја и додатоци од M Performance, кои му даваат уникатност на возилото.
Изработката по специјална нарачка вклучува заден дифузор од карбон, заден спојлер, украсна решетка напред во сјајно црна боја и проширувања на праговите. Подлогата под рачката на менувачот исто така е изработена од карбон, сменети се педалите и во праговите се вградени светлечки диоди. Сите додатоци од програмата M Performance се конструирани меѓу другото и врз основа на искуствата од мотоспортот, со тркачите возила на Витман и неговите колеги.
Неодамна BMW M Performance Parts ја претстави и програмата за новата серија 5, уште пред истата да се појави во салоните на марката. Покрај елементи за аеродинамиката и за кокпитот, M Performance нуди и модифицирани компоненти за погонот и подвозјето за целата моделска понуда на BMW.
https://automedia.mk/objavi/26438
















