Хибридни автобуси на редовна линија во Стокхолм

Батериите се полнат под висок напон на крајните постојки за само 6 минути. Струјата потекнува од енергијата на ветрот

Во шведскиот град Стокхолм од денес на цела автобуска линија возат исклучиво автобуси со тивок, штедлив и чист хибриден погон.

На линијата со број 73 што минува низ центарот на шведската престолнина од денес возат исклучиво градски автобуси со хибриден погон. Осумте хибридни автобуси Volvo 7900 Electric Hybrid се пуштени во редовен сообраќај и седум километри од линијата долга осум километри ги минуваат со погон на струја. Батеријата е од типот литиум-јон-железен-фосфат и се полни под висок напон на крајните постојки за само шест минути. На кус дел од линијата дополнително се вклучува и петлитарскиот дизел мотор, којшто користи биодизел.

Еколошките предности се големи: Потрошувачката на гориво се намалува за 60 проценти, а количината на издувни гасови е за дури 90 проценти помала. Покрај тоа, за производството на биодизелот и за струјата за полнење на батеријата се користи енергија добиена од ветрот. Секако дека е значајно и неспоредливо пониското ниво на бучност, коешто е на ниво на нормален човечки говор.

Користењето на хибридните автобуси во Стокхолм е дел од заедничкиот проект на Volvo Bus Corporation, на градското претпријатие за јавен превоз SL и компанијата за производство на електрична енергија Vattenfall. Проектот е делумно финансиран од ЕУ преку ZeEUS (Zero Emission Urban Bus System), во когошто учествуваат преку 40 фирми и организации.

Хибридниот автобус на Volvo од неодамна е пуштен во сообраќај и во германскиот град Хамбург

https://youtu.be/FseBmNiqrd0

Претходна објаваОд Сан Франциско до Њујорк: Низ цела Америка без возач зад воланот
Следна објаваПродажбата на теренци и кросовери лани пораснала за 21 процент

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here