Франција ќе покрие 1.000 километри пат со соларни панели

Соларни панели можат да ја променат уличната слика на европските патишта во блиска иднина. Франција планира да ги покрие своите патишта со издржливи соларни панели кои ќе произведуваат струја.

Нова генерација соларни панели со огромна издржливост на напрегање ќе се користи за покривање на патишта во должина од 1.000 километри низ Франција. Тоа го потврди француската министерска за екологија Сеголен Ројал. Планот ќе се реализира во следните пет години. Фотофолтаичките панели се развиени од домашната градежна компанија Colas и од националниот институт за соларна енергија.

Системот од панели за производство на струја е наречен Wattway и ги издржува големите напрегања од сообраќајот, иако неговата дебелина изнесува само неколку милиметри. Дури и најтешките товарни возила не можат да му наштетат на овој иновативен слој. Според производителот, еден километар пат покриен со Wattway е способен да произведе струја за јавно осветлување за населено место со пет илјади жители.

Претходна објаваAudi RS Q3 со ново експлозивно полнење: 367 КС и 4,4 секунди до сто
Следна објаваТркачко Ferrari стана најскап автомобил во историјата со 32 милиони евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here