Франкфурт 2015: Премиера на Audi S4 со нов трилитарец со 354 КС

Уште пред да стартува продажбата на новиот Audi A4, марката Audi го претставува спортскиот модел S4 во Франкфурт. Лимузината и комбито возат со нов мотор V6 со 354 КС.

Новата генерација на A4 уште се нема појавено во продажните салони, а Audi веќе ја дополнува понудата со спортската верзија на моделот. На премиерата на Audi A4 во Франкфурт беше претставен и новиот S4. Тој ќе стартува в година, неколку месеци по стандардната изведба на A4, цените уште не се објавуваат.

Погонот го презема трилитарски V6 со моќност од 354 КС, што е 20 проценти повеќе отколку кај најсилниот модел во стандардниот A4. Бензинецот со турбонатполнење и директно впрскување постигнува максимален вртежен момент од 500 њутнметри. Времето на спринт до сто километри на час изнесува 4,7 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 km/h. Иако моќноста е зголемена во споредба со претходната генерација на S4, потрошувачката кај новакот е намалена на 7,4 литри, при емисија на СО2 од 170 g/km.

Исто како сите модели од спортското семејство S, новата четворка е спуштена и амортизира постегнато. Покрај тоа, располага со погон на сите тркала, со акцент во испораката на вртежен момент поставен на задната оска. Спортските спојлери и прагови, како и посебно изведените детали во каросеријата го карактеризираат S4 наспроти класичниот A4. Според најавите од Audi, во видно време ќе биде претставен и екстремниот спортист RS4.

Претходна објаваФранкфурт 2015: Четирите децении чекање вредеа за овој Mercedes
Следна објаваФранкфурт 2015: Hyundai со спортска подмарка по пример на M GmbH

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here