
Бестселерот на Audi напредуваше во сите полиња и во вообичаениот промо-жаргон поставува нови стандарди во класата, со нови мотори, ново подвозје и просторна кабина. Единствено што не се промени е изгледот. Целото претставување на новиот модел на Audi можете да го прочитате тука.
Дизајн и каросерија
- Спортски пропорции и спортска елеганција, Avant со закосени задни столбови
- Должина 4,73 метри (+2,5 cm), меѓуоскино растојание 2,82 метри (+1,2 cm), ширина 1,84 метар (+1,6 cm), висина 1,43 метар
- Доплата за диодни или матрични диодни светла со динамични трепкачи
- Лесна каросерија, со тежина намалена до 15 kg во однос на претходникот
- Најдобра вредност cw во класата: 0,23 кај лимузината, 0,26 кај Avant. Врвна аероакустика.
Внатрешност
- Најдолга кабина во премиум средната класа (+17 mm), најголема ширина за рамена напред (+11 mm). Повеќе простор за глава напред (+24 mm), повеќе простор за колена назад (+23 mm).
- Avant со багажник од 505 литри
- Електрично задвижување на прекривката на багажникот во сериска опрема кај Avant
- Дизајн на ентериер со големи декоративни површини и широка лента со отвори за проветрување. Нови бои и материјали, подобрено чувство за просторност, диодно осветлување во сериска опрема, врвна завршна изработка.
- Најголема понуда на седишта со лесна конструкција во премиум сегментот во средната класа.
- Нов концепт на ракување со автоматскиот клима уред
- Доплата за диодно амбиентално осветлување со избор на повеќе бои
- Нов концепт на опрема со линии „sport“ и “design“, за првпат со разлики во надворешноста
Ракување
- Доплата за проекциски дисплеј и виртуелен кокпит
- Комплетно нов концепт на ракување со MMI со слободно текстуално пребарување
- Дополнително ракување преку мултифункцискиот волан и преку говорни команди
Инфотејнмент и Audi connect
- Доплата за врвен инфотејнмент систем MMI Navigation plus со MMI Touch, монитор од 8,3 инчи и Audi connect, пренос LTE и WLAN-Hotspot. Доплата за Audi phone box со индукциско полнење
- Комплетно нови услуги на Audi connect, со далечинско управување преку апликација за паметен телефон, за ракување и проверка на возилото
- Audi smarthone interface за поврзување со мобилни телефони Apple и Android
- Доплата за врвно озвучување Bang & Olufsen со иновативен 3D-звук и таблет за задната клупа
Мотори
- Во почетокот на продажбата три TFSI и четири TDI, од 150 до 272 КС, моќност повисока до 25 проценти
- Намалување на потрошувачката до 21 проценти, Audi A4 2.0 TDI ultra со нова рекордна вредност од само 3,7 литри и 95 грами СО2 на километар
- 3.0 TDI со врвна ефикасност во два степена на моќност
- Штедлив 1.4 TFSI како основен мотор со потрошувачка од 4,9 литри, крајна брзина од 210 km/h и забрзување до сто за 8,5 секунди.
- Нов 2.0 TFSI ultra со 190 КС, со нова постапка на согорување и потрошувачка од само 4,8 литри, забрзување до сто за 7,3 секунди и крајна брзина од 240 km/h. Топ-верзија на истиот мотор со 252 КС, забрзување до сто за 5,8 секунди и крајна брзина ограничена на 250 km/h.
- 2.0 TDI со 150 и 190 КС, со вртежен момент од 320, односно 400 њутнметри и потрошувачка од 3,8 литри (4,1 литри)
- 3.0 V6 TDI со 218 и 272 КС. Со потрошувачка од 4,2 литри, послабата верзија е најефикасен шестцилиндарски мотор во светот. Топ верзијата со 600 њутнметри забрзува до сто за 5,3 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 km/h.
- Audi Avant g-tron со погон на метан, односно со Audi e-gas од сопствено производство
Пренос на сила
- Нови генерации на S tronic, tiptronic и мануелни менувачи. S tronic за првпат во А4 во комбинација со преден погон, обата автоматски менувачи со функција на „едрење“
- Погон напред или quattro, со селективна распределба на вртежен момент од тркало до тркало
Подвозје
- Ново водење на тркалата на предната и задната оска со лесна конструкција, значително зголемен комфор при нагласен спортски карактер
- Ново електромеханичко сервоуправување, со доплата за динамичко управување
- Систем за возна динамика Audi drive select во сериско ниво почнувајќи од 190 КС, доплата за подвозје со регулација на амортизацијата
Системи за асистенција и интегрална безбедност
- Адаптивен темпомат со асистент за самостојно запирање и поаѓање при градски метеж
- Асистент за ефикасно возење со предвидување на ситуацијата во возење, како дополнителна помош за штедливо возење
- Активно следење лента со самостојно враќање на возилото при прегазување линија и систем за следење на мртвите агли
- Помош при паркирање, предупредување за наидување возило при излегување од паркинг наназад, предупредување при излегување од возило, асистенција при влегување на кртосница, помош при избегнување пречка на патот и камера за читање сообраќајни знаци
- Нови безбедносни системи audi pre sense sity, basic и rear















