Уште два модела во „Платинестата серија“ на Porsche Cayenne

На купувачите на коишто самиот факт дека возат Porsche Cayenne им е недоволно ексклузивен, марката од Штутгарт им ја нуди специјалната серија Platinum Edition. Сега пристигаат уште два нови модела во оваа серија, Cayenne S и Cayenne S Diesel.

Porsche ја проширува понудата од моделски изведби коишто се достапни во специјалната серија Platinum Edition, со Cayenne S и Cayenne S Diesel. Богатото ниво на опременост и неколкуте препознатливи детали во надворешноста и во кабината се заштитен белег на серијата. Стандардно следуваат бандажи од 21 инч во платинеста боја, кожени седишта од Cayenne GTS со средишен дел од алкантара и со електрично местење, како и греење за предните седишта. Заедно со Cayenne Diesel и Cayenne S E-Hybrid, платинестата серија сега брои вкупно четири моделски изведби на големиот теренец на Porsche.

Porsche Cayenne S Platinum Edition 2

Надворешната појава е облагородена со детали лакирани во сјајна црна боја, дополнително затемнети задни стакла и проширувања на крилата во боја на каросеријата. Биксенонски светла со динамично осветлување се стандард, исто како и паркинг сензори и самозатемнувачки ретровизори.

На праговите на предните врати се наоѓаат плочки со натпис „Platinum Edition“, а во потпирачите за глава е втиснат грбот на Porsche. Инфо-забавните системи не се пропуштени: Интернет-навигација, озвучување Bose и сите можни видови на поврзување. Типичен детал за серијата е аналогниот часовник во кокпитот.

Porsche Cayenne S Platinum Edition 3

Моќноста останува непроменета, што значи 420 КС од 3,6-литарскиот битурбо со шест цилиндри и 385 КС за осумцилиндарскиот дизел. Цената за Cayenne S Platinum Edition во Германија изнесува 87.442 евра, додека Cayenne S Diesel Platinum Edition чини 90.417 евра.

Претходна објаваСо RS 245 пристига најсилната Škoda Octavia во историјата
Следна објаваPeugeot ќе ги произведува 3008 и 508 во Кенија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here