Уникатниот BMW i8 се продаде за 825.000 долари во Пебл Бич

Примерокот од BMW i8 изработен специјално за собирот во калифорнискиот Пебл Бич се продаде шестпати поскапо отколку што е редовната вредност на стандардниот модел.

Уникатиот примерок од BMW i8, како прв примерок од хибридниот спортист што ќе вози по американскиот асфалт, се продаде по рекордна цена на наддавањето во Пебл Бич. Експертите очекуваа дека уникатот ќе се продаде по цена од околу 200.000 долари на аукцијата организирана во хуманитарни цели, но на крајот се продаде четирипати поскапо. Цената на стандардниот BMW i8 на пазарот во САД изнесува 136.000 долари, односно околу 102.000 евра.

Специјалната изведба на моделот за настап на ексклузивниот собир на олдтајмери и луксузни актуелни модели има каросерија лакирана во „замрзнато сива“ металик боја, а ентериерот е обложен со кафена кожа, со контрастна опшивка во сина боја. Во предните седишта со ласер е впишано името под кое што се води овој престижен собир, „Concours d’Elegance“, додека на плочка во опашот на возилото се изгравирани потписите на шефовите на проектот на BMW i8.

Спортското купе со агресивен изглед и благи стилски акценти по пример на легендарниот BMW M1 има погон што се состои од 1,5-литарски турбо бензинец со 3 цилиндри и моќност од 231 КС, во комбинација со електромотор со 131 КС, што дава системска моќност од 362 КС. Спринтот до 100 трае 4,4 секунди, а крајната брзина е ограничена електронски на 250 km/h. Особеност на i8 претставува и каросеријата што во поголемиот дел се состои од лесен карбон, заради компензација за тешките батерии од хибридниот погон. Со полни батерии, спортскиот хибрид ги минува првите сто километри со 2,1 литри гориво, додека потрошувачката на гориво кога работи само бензинецот изнесува околу осум литри. BMW i8 е воедно и првиот сериски автомобил за когошто со доплата се достапни ласерски светла. Првите осум ексклузивни примероци им се веќе испорачани на ценети клиенти, со ласерски светла како гратис.

Претходна објаваBrabus ја прикажа тјунираната верзија на класата C на Mercedes
Следна објаваКина во војна против картелот на автомобилските концерни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here