за

Универзитетот Брауншвајг направи автомобил што размислува како возач

Изгледа како играчка, но големо е колку сите други. Нема каросерија, има цевна рамка. Нема еден мотор, туку четири електромотори со вкупно 600 КС. „Мобиле“ е еден од најсилните електромобили во светот. И умен исто така.

Дури и идејата со тркалата е доволна да привлече внимание. Секое од четирите тркала има посебен погон и врзан е со сопствено управување. На тој начин секое тркало може да се врти независно од другите, а возилото да врти во круг или да паркира странично. Креаторите на Леони, кој уште од 2010 година се движи самостојно низ Брауншвајг, овојпат си поставија друга цел со возилото кое е дел од проектот Mobile. Класичните мотори се заменија со електромотори. Но, тоа е само почетокот.

[one_half]

Целиот проект почна од возило во размер 1:5, кого студентите го држеа за јамка за да не побегне од контрола. Проектот оттогаш напредуваше далеку
Целиот проект почна од возило во размер 1:5, кого студентите го држеа за јамка за да не побегне од контрола. Проектот оттогаш напредуваше далеку

[/one_half]

[one_half_last]Професорот Томас Фитор од Институтот за конструкциска техника ја осмисли носечката рамка на возилото, како основа за флексибилноста на концептот. Во останатите компоненти учествуваа исклучиво студентите од Универзитетот, така што секој дел од возилото практично е дипломска работа. Одделните компоненти прво се развиваа во компјутерска симулација, а потоа се тестираа на пробен модел во размер 1:5. Поголемиот дел од трошоците за развој на возилото во висина од 310.000 евра ги обезбеди самиот Универзитет.[/one_half_last]

[one_half]Иако тоа не се воочува на прв поглед, во возилото се наоѓаат неколку иновативни идеи за автомобилите на иднината. Поради фактот што возилата стануваат сé посамостојни во возењето и со тоа расте обемот на електронски компоненти во нив, безбедноста станува примарен фактор. Автомобилите мора сами да поседуваат безбедносен концепт, во случај возачот да не е во состојба да интерверира при опасност. За безбедноста да се тестира на највисоко ниво, научниците и студентите го направија најсилниот електромобил што може, под мотото – ако функционира тука, ќе функционира и кај послабите автомобили.[/one_half]

[one_half_last][/one_half_last]

Денешните автомобили имаат механичка или хидраулична врска на воланот и сопирачките со тркалата. Возачот и натаму самостојоно го управува возилото. Разликата кај автомобилите од иднината е во тоа што кај нив воланот се наоѓа на оска, што завршува во празно. Нејзиното вртење го следат сензори и го пренесуваат тоа до соодветните компоненти. Исто функционираат педалите за гас и за сопирање. Функционирањето на овој автомобил зависи само од волјата на електрониката.

Торбен Штолте, научен соработник на Институтот за регулациска техника го користи дисплејот преку кој се контролираат функциите на возилото
Торбен Штолте, научен соработник на Институтот за регулациска техника го користи дисплејот преку кој се контролираат функциите на возилото

Конвенционалните решенија повеќе се ориентираат на безбедноста. Во случај да откаже електромоторот, постои втор систем за управување кој ја презема задачата. Наспроти тоа, проектот Mobile го користи фактот што постојат вкупно четири погони и управувања за тркалата, кои што се поврзани со интелигентна врска. Доколку откаже некоја компонента и тркалото остане во мирување, другите тркала соодветно си ги прераспределуваат задачите и овозможуваат возилото да отиде до сервис.

Целта на развојот на возилото беше електрониката да добие свест за усогласеноста на работата на електронските и механичките компоненти. Mobile има разум на возач
Целта на развојот на возилото беше електрониката да добие свест за усогласеноста на работата на електронските и механичките компоненти. Mobile има разум на возач

Mobile може уште повеќе од тоа. Постоечките електромотори се приспособуваат според ситуацијата. Притоа, возилото е тоа што решава, а не возачот. При брзо возење, на пример, задните тркала може да се движат поинаку отколку при побавно возење, затоа што инаку возилото би станало нестабилно за управување. Електрониката ја проценува позицијата и брзината, како и можниот ризик при секоја акција и решава соодветно на тоа.

Универзитетот веќе го совлада автономното возење со нивниот „Леони“, кој од 2010 година вози сам низ Брауншвајг. Проектот мобиле е унапредување на концептот до фаза на интелигенција
Универзитетот веќе го совлада автономното возење со нивниот „Леони“, кој од 2010 година вози сам низ Брауншвајг. Проектот мобиле е унапредување на концептот до фаза на интелигенција

За разлика од прототипот „Леони“, кој самостојно ги препознава патот, средината и сообраќајните знаци и дополнително ги познава сообраќајните правила, за да може самостојно да се движи по улиците, проектот Mobile се посветува на интерна автономија. Возилото разбира како меѓусебно функционираат електронските и механичките компоненти, свесно е за моќта и за ризиците, како и за фактот што возачот има релативно ограничени можности да интервенира во комплексната електроника.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова е уредот што ќе ги поврзува возилата во мрежа

Русија ќе стане најголем европски пазар до 2020