Corvette произведена во 1979 година, во сопственост на извесен Џорџ Тели од Детроит, била украдена пред 33 години, за лани да биде пронајдена во Мисисипи. Директорите на General Motors, дознавајќи за овој случај, решиле на сопствен трошок да го транспортираат автомобилот од Мисисипи до Детроит, но и целосно да го реставрираат автомобилот. Задачата на враќањето на автомобилот во полн сјај му била доделена на сопствениот General Motors Heritage Center. Тели денес имаше можност да го види автомобилот, пред утрешното официјално претставување во рамките на Woodward Dream Cruise.
Како изгледа кога автомобил украден пред повеќе од три децении ќе се врати назад кај сопственикот, и тоа, во полн сјај, погледнете на видеото:
https://youtu.be/nJoP_Nuq_KA
















