Диодните светла во последно време ги ставаат во сенка ксенонските светла. Главните предности се во помалата потрошувачка на струја, подолгата трајност и бојата на светлината што е поблиску до дневната и помалку го заморува возачот. Но, разлики меѓу диодните светла кај еден и друг модел сепак постојат. Клубот АДАК вообичаено изврши темелно тестирање кај шест компактни теренци.
Клубот АДАК сакаше да дознае кој од шестте компактни теренци на тестот ги има најдобрите диодни светла. Генералната оцена е дека сите тестирани возила (Volkswagen Tiguan, Audi Q3, BMW X1, Seat Ateca, Hyundai Tucson, Nissan Qashqai) постигнуваат многу добро до одлично осветлување. Клубот ги проверуваше основното осветлување, квалитетот на светлото, заслепувањето на другите возачи и системите за асистенција во светлата. Најдобри се покажаа диодните светла на Volkswagen Tiguan, кој единствен на тестот располагаше со асистенција за долго светло и за осветлување во свијоци.
Техниката на осветлување во последните години постигна забележлив напредок. Покрај докажаната, но технички застарена халогенска техника, производителите во почетокот вградуваа ксенонски светла, за во последно време зачестено да се вградуваат диодни светла. Во технички поглед, диодните светла нудат неколку цврсти аргументи. Покрај подолгата трајност во споредба со жаречките светилки (халогени) и светилките со гасно празнење (ксенонски), во прилог на диодните светла говорат првенствено ниската потрошувачка на струја, како и бојата на светлината којашто е слична со дневната.
Диодните светла обично поседуваат и системи за асистенција
Во спој со системи за асистенција на светлата, диодните светла постигнуваат значително подобро осветлување, а со тоа и подобра безбедност. Така, на пример, динамичната асистенција на светлата самостојно го соборува светлосниот сноп кога наидува возило отспротива или напред во сопствената лента има друго возило. Притоа долгото светло останува вклучено и ги осветлува само подрачјата лево и десно од возилото напред.
Видео: Тест на диодни светла на шест компактни теренци
(вклучете го македонскиот превод)
Оваа дополнителна безбедност сепак е достапна со скапа доплата. АДАК го критикува тоа што диодните светла кај азиските марки обично се достапни само во најскапите нивоа на опрема.


















