за

Теренецот на Aston Martin ќе користи основа од Mercedes GL

Марката со спортските автомобили добива огромна поддршка од новиот партнер Mercedes. Германците се подготвени да ја отстапат платформата на GL за идниот теренец на Aston Martin.

При премиерата на новата класа V, шефот Дитер Цече изјави за медиумите дека неговата марка е „отворена да ја сподели платформата на GL со луксузната марка од Британија“. Во минатото првиот човек на британската марка Улрих Бец исто така планираше соработка со Mercedes во развојот на идниот спортски теренец, така што се чини дека нема пречки соработката меѓу двете компании да продолжи во реализација на овој план.

Aston Martin веќе покажа пред светот дека е расположен за спортски теренец. Во 2009 година Aston Martin Lagonda беше претставен на салонот во Женева како концептен автомобил. Реакциите на публиката за концептот на теренец Lagonda, кажан во најблага форма, не беа особено позитивни. Тоа беше единствената причина за Aston Martin да го напушти проектот и да им се посвети на своите престижни купеа.

Британската марка сепак тешко ќе опстои во конкурентската битка без модел во сегментот на спортските теренци. Lamborghini, Maserati и Bentley веќе подолго време работат на модел во овој сегмент и логично е дека и Aston Martin мора да реагира. Серискиот модел може да биде готов најрано во 2017 година. Тоа звучи како предолг период, но во приближно исто време ќе стартува и Lamborghini Urus.
Без разлика како ќе заврши намерата за соработка во заеднички развој на спортски теренец, сосема е извесно дека Aston Martin во блиска иднина ќе почне да ги вградува моторите од AMG-Mercedes во своите суперболиди.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Година на теренци: Преку 30 нови модели во 2014

Мора ли автомобилите да гледаат толку намуртено?