Студија на Ford: Возачите во Грција, Шпанија и Италија не сакаат сонце

ford европа статистика продажба

Нивните плажи привлекуваат милиони туристи секоја година, но жителите најретко се решаваат за сончев покрив во нивните коли. Турците сакаат дизели, Норвешаните автоматска клима…

Компанијата Ford спроведе истражување во 22 европски држави, за да ги увиди регионалните и националните разлики во навиките на купувачите. Врз основа на анализа на преку 500.000 продадени возила на Ford во Европа во последната година, студијата покажува дека белата е најпопуларна боја кај автомобилите, преземајќи го првото место од црната боја. Најголемо зголемување во побарувачката е забележано кај кафената и портокаловата боја.

Интересни заклучоци покажува статистиката за сончевите покриви. Купувачите во Норвешка, каде што има повеќе снег отколку сонце, имаат најголем процент на возила со сончев покрив (15 проценти), пред Франција (11%) и Германија (10%). Наспроти тоа, сончевиот покрив има најмала популарност меѓу возачите во Шпанија (5%), Италија (3%) и Грција (2%).

Во Норвешка најмногу се купува Ford со автоматски клима уред (80%), потоа во Белгија (77%) и Холандија (71%). За мануелна клима најмногу се решаваат турските купувачи (96%), па Шпанците (92%). Не изненадува тоа што скандинавските возачи не пропуштаат да нарачаат грејачи во седиштата. Дури 99 проценти од возилата на Ford продадени во во Шведска во минатата година имале грејачи во седиштата, а близу се и Норвешка и Финска. Турците не се интересираат за грејачите (1%), исто како Грците (2%) и Шпанците (3%). Запалка за цигари е задолжителна кај 73% од купените возила во Грција, кај 53% во Шпанија и 35% во Романија.

Најпопуларни бои во Европа се белата со 23 проценти, пред црната (20%) и сивата (17%). Овие три бои се прв избор во секоја од 22-те земји, освен во Ирска, Полска и Романија, каде што најпопуларна е сребрената боја, инаку четврта најпродавана во Европа. Најголеми љубители на белата боја се Турците. Дури 55 проценти од возилата на Ford се бели. Британците сакаат нивниот Ford да биде црвен, Романците син. Кафената боја има најголема популарност во Норвешка, со 12 проценти учество во продадените возила.

Комби изведбите се најпрактична опција за купувачите на Mondeo и Focus. Овие каросериски изведби се најбарани во Данска (86%), Холандија (79%) и Германија (78%). Класичните комбилимузини со пет врати се најдобри за Грците (95%), Шпанците (87%) и Британците (83%). Во цела Европа, половина од продадените возила на Ford се комбилимузини со пет врати, 35% се комби изведби, а останатите петнаесетина проценти отпаѓаат на лимузини со четири врати. Последниве се најбарани во Турција, со учество од 84%, повече отколку во Русија (44%) и Романија (42%).

Самостојното паркирање е најпривлечно за германските купувачи, каде што 63 проценти од продадените модели ја имаат оваа технологија. Уште поголема е застапеноста на возила со систем што запира самостојно при опасност од судир, дури 74 проценти. Швајцарците (63%), Португалците (53%) и Австријците (50%) исто така сакаат кога автомобилот им се паркира сам, додека популарноста на самостојното запирање по Германија е највисока во Белгија (36%) и Швајцарија *34%).

Развиената мрежа од автопати е причина зошто купувачите во Швајцарија (20%), Холандија (19%) и Германија (14%) најмногу купуваат технологија што е корисна при патувања, како системот за следење на мртвите агли и системот за следење лента. Но, останува мистерија зошто оваа технологија е најбарана во Норвешка, со 26 проценти, каде што има само скромна мрежа од патишта.

Холанѓаните најмногу сакаат технологија што им го олеснува животот. Нивните возила најчесто се опремени со темпомат (85%), повеќе отколку во Финска (78%) и Норвешка (74%). Од сите холандски купувачи на Kuga во минатата година, дури 94 проценти се решиле за систем што самостојно го отвора задниот капак при замавнување со стопало под браникот.

Кај видот на погон преовладуваат бензинските и дизелските мотори со 99 %, додека помалку од 1 процент од возилата користат алтернативни горива. Бензинците се најпопуларен избор во Европа, со 58 проценти. Никаде на друго место во светот бензинците не се толку популарни како во Русија, со 97 проценти – поради студот. Следат Чешка (80%) и Финска (76%). Дизелите се најпопуларни во Турција (64%), па во Италија (63%) и во Португалија (61%).

Европските возачи и натаму преферираат мануелен менувач, со застапеност од 85 проценти. Во Холандија и Ирска, дури 96 проценти од возилата се со автомаски менувач, пред Грција и Полска со 95 проценти. Дури и во Русија, каде што Ford постигнува најголема европска продажба на возила со автоматски менувач од 48 проценти, мануелните менувачи и натаму се во предност.

Статистиката се продлабочува со сопственици на портокалови автомобили на коишто клима уредот им е насушна потреба, со куки за влечење во Норвешка или со златни автомобили во Чешка, каде што популарноста на оваа боја е петпати над просекот. Ford сепак наведува спокојно дека може да ги задоволи сите барања на купувачите, секаде и секогаш. Само Fiesta може да се изведе во 11.400 различни варијации.

Претходна објаваМафијашкиот Citroen одбележува 80-годишнина
Следна објаваEbay е центар за трговија со делови од украдени автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here