за

Мафијашкиот Citroen одбележува 80-годишнина

Traction Avant се појави за првпат во април 1934 година со револуционерен преден погон. Моделот беше прв избор на криминалците кои со брзиот Citroen можеа лесно да ѝ побегнат на потерата.

Во април 1934 година Citroen го претстави моделот 7А, автомобилот што влезе во историјата со низа иновации, од кои најголема беше предниот погон – оттаму и името на моделот, Traction Avant. Светот дотогаш немаше видено сличен автомобил. Покрај револуционерниот преден погон, Citroen имаше ниско тежиште, челична самоносечка каросерија, лесна конструкција и добра аеродинамика. Не е мит: Криминалците го преферираа брзиот и стабилен Citroen, за да бидат недостижни на улиците.

Француската марка ќе го одбележи јубилејот со низа настани посветени на легендарниот Traction Avant. За почеток на прославата, Citroen настапи на салонот на олдтајмери Ретромобил во Париз со два примерока од Traction Avant 11 Familiale, од 1937 и 1957 година. Возилата ги обезбеди клубот La Traction Avant Universelle, кој брои преку 1.400 членови во светот. До јуни, уникатен Traction Avant ќе биде изложен во ексклузивниот салон C_42 на Елисејските полиња во Париз. Моделот од 1955 година е сопственост на асоцијацијата Traction Sans Frontieres (Тракција без граници) која учествува на релијата со олдтајмери во светот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова понуда за популарниот модел: Спортски пакет за Mazda3

Студија на Ford: Возачите во Грција, Шпанија и Италија не сакаат сонце