Спот за новиот Mondeo од режисерот на „Брзи и бесни“

Петдневно снимање за една минута реклама за новиот Ford Mondeo во режија на Роб Коен

Компанијата Ford стартуваше со рекламната кампања за новата генерација на Mondeo. Драматичниот спот е дело на Роб Коен, режисер на култниот автомобилски блокбастер.

Возбудливиот спот прикажува како новиот Ford Mondeo му помага на малечок авион при слетувањето. Диодните светла на Mondeo ја осветуваат пистата на којашто не работи осветлувањето поради дефект во струјното напојување. Со помош на знаменосецот на Ford, пилотката може да слета безбедно.

Спотот за новиот Ford Mondeo
https://www.youtube.com/watch?v=YAqQTuIjGMw

Сцени од снимањето на спотот во режија на Роб Коен

Снимањето се одвиваше во Норвешка, во режија на Роб Коен, кој покрај „Брзи и бесни“ има инсценирано повеќе култни филмови. Филмскиот екипаж од 60 членови, вклучувајќи возач-каскадер и пилот за „уметничко летање“, пет дена го сминаа спотот во траење од една минута.

Новиот Mondeo е прв модел на Ford во Европа за когошто се достапни предни светла со диодна технологија на осветлување. Системот автоматски избира еден од седумте модуси на работа, во зависност од брзината на возилото, осветленоста на средината, аголот на воланот и растојанието од возилата напред.

Претходна објаваАвтомобили во комуникациска мрежа долга 1300 километри
Следна објаваПовелете на користен автомобил од автомат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here