Повелете на користен автомобил од автомат

Главната предност е цената на возилата што е за 1.500 долари пониска отколку во обичен салон за користени возила

Денес сé може да се нарача на интернет и да се испорача дома. Отсега тоа важи и за користените автомобили. Во Атланта е поставен првиот „автомат“ за автомобили.

Во американскиот град Атланта неодамна е пуштен во работа првиот автомат за користени возила во светот. Исто како што во секоја поголема чекална може да се добие кока кола од автомат, така и преку автоматот на Бил Валтон може да се дојде до „нов“ користен автомобил. Процедурата е едноставна. На автоматот се внесува личниот код, големата стаклена порта се отвора и автомобилот е веќе достапен.

Откако ќе се заврши изборот, возилото се испорачува до домот на клиентот веќе следниот ден

Со користените возила од автомат сепак не е толку едноставно како со пијалоците. Фирмата на Валтон се занимава главно со трговија со користени возила, единствената разлика е во тоа што таа дејствува целосно преку интернет. Триесетгодишниот Валтон, заедно со двајца врсници и пријатели ја основал фирмата во 2013 година, со цел на клиентите да им ја понуди истата комоција како при земање пијалок од автомат.

Од секое возило автоматски се прават по 33 фотографии од коишто потоа се создава виртуелен приказ
Од секое возило автоматски се прават по 33 фотографии од коишто потоа се создава виртуелен приказ

На интернет страницата на фирмата се ноаѓа возен парк од 600 возила со широк дијапазон на класи и цени, почнувајќи од осумгодишна Toyota Corolla за неколку илјади долари до електрична Tesla со само неколку илјади поминати километри. Главнината сепак ја сочинуваат користени возила стари околу две години и со 30.000 милји, односно 50.000 километри. Намерно се избирани возила од коишто може да се очекуваат помалку проблеми. Исто како кај секој поголем дилер, доколку заинтересираниот клиент открие дефект во возилото, може истото да го врати по седум денови откако возилото ќе му биде испорачано пред куќната врата, без какво било оправдување пред дилерот.

Фирмата работи исклучиво со понови користени возила од кои се очекуваат помалку проблеми

Валтон сепак ги вложува сите напори да ги спречи таквите ситуации и ветува максимална транспарентност. Автомобилите се поставуваат во автоматизирано фотостудио, во коешто се изработуваат 33 слики и потоа се составуваат за клиентот да може да го погледне возилото од кој било агол, да зумира детали, па дури и виртуелно да седне зад воланот. Идејата сепак не е да се понуди максимална транспарентност и да се понуди иновација во продажбата на користените возила, туку првенствено е во парите. Продажбата преку интернет е многу поевтина во споредба со класичниот бизнис. На секое возило во просек се заштедуваат по 1.500 долари, што на крајот секако дека оди во корист на купувачот.

Возилата се испорачуваат до домот на клиентот и може да се тестираат во период од седум денови пред конечното купување
Возилата се испорачуваат до домот на клиентот и може да се тестираат во период од седум денови пред конечното купување

Бизнисот буквално цвета. По година и половина од отворањето, фирмата денес продава месечно по 600 автомобили. Само еден процент од купувачите ги враќаат возилата во периодот за проба. Во следната година е планирано бизнисот, покрај актуелните „автомати“ во Џорџија, Северна Каролина и Тенеси, да се прошири во уште пет до 20 сојузни држави и на крајот да се покрие целата територија на САД.

Со новиот автомат во Атланта повеќе нема потреба од каков било контакт со персоналот

За разлика од автоматите за пијалоци, при преземањето користен автомобил не само што мора да се почитува работното време од 9 до 18 часот, туку претходно мора да се договори и термин. Фирмата сепак продава по еден автомобил на секој час и половина. Покрај тоа, за потпишувањето на договорот и предавањето на клучевите сé уште е потребно човечко присуство. Но, и тоа ќе биде надминато. Во Атланта се поставува нов автомат којшто ќе работи 24/7, без каква било потреба од контакт со продажниот персонал на фирмата. Постои уште една клучна разлика со автоматите за пијалоци: Плаќањето е исклучиво преку интернет. Внесувањето монети или банкноти во мали апоени сепак би било премногу мачно.

Претходна објаваСпот за новиот Mondeo од режисерот на „Брзи и бесни“
Следна објаваШвајцарски електромобил крева стотка за помалку од 2 секунди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here