Случај во Британија: „Верверички ми ја изедоа тојотата!“

Сопственик на Toyota Aygo има проблем со честите напади од верверички на неговиот автомобил. Британецот смета дека причината за тоа е растителното потекло на некои делови во возилото.

Британецот Тони Стилс има необични проблеми со својата Toyota Aygo. Само неколку денови по испораката, верверички му го нападнале автомобилот. Гладните животинчиња двапати ја одгризувале антената, го оштетиле и сензорот за воздух, а изгрицкале и неколку гумени делови. Чудно е тоа што ниту еден друг автомобил во улицата на Стилс не е нападнат, поради што тој се сомнева дека причината можеби лежи во пионерскиот чекор на Toyota во примената на пластика на растителна база. Облогите на вратите и на седиштата, како и ѕидовите во багажникот се само неколку од компонентите во Toyota Aygo коишто потекнуваат од растителна основа.

Облогите на седиштата и на вратите во новото Aygo се од пластика добиена од растителни масла. Повеќето производители користат материјали од обновливи извори
Облогите на седиштата и на вратите во новото Aygo се од пластика добиена од растителни масла. Повеќето производители користат материјали од обновливи извори

Постојано се зголемува бројот на компоненти од обновливи извори. Ford лани стартуваше заеднички истражувачки проект со производителот на кечап Heinz, за можно користење на лушпите од доматите за изработка на пластични компоненти. Американскиот производител на масла SynLube тврди дека голем број производители користат соја, масло од кикиритки и оризова лушпа. Во САД исто така се забележани повеќе случаи на автомобили нападнати од глодари.

Во локалното претставништво на Toyota не гледаат поврзаност меѓу „растителното“ потекло на некои компоненти во новиот Aygo и апетитот на верверичките: „Познато е дека проблемот може да се појави кај пластичните делови, без разлика дали тие потекнуваат од растителна основа.“ Во меѓувреме, Тони вози Yaris во замена за Aygo, но своето „второ“ ново возило повеќе не го остава надвор, туку го паркира во гаража.

Претходна објаваАмерика шпионира милиони автомобили
Следна објаваПремиера за Hyundai i30 Turbo на салонот во Женева

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here