Премиера за Hyundai i30 Turbo на салонот во Женева

Во спортскиот модел работи 1,6-литарскиот турбо бензинец од купето Veloster

Корејскиот компакт го има изгледот, но не и моторот што ќе го оправда истиот. Тоа ќе се смени во Женева. Hyundai таму ќе го претстави турбо-моделот со 186 КС.

Hyundai работи на динамиката на своите возила. Корејскиот конкурент на Golf ќе го добие 1,6-литарскиот турбобензинец со директно впрскување и 186 КС, познат од купето Veloster. Моторот T-GDi со вртежен момент од 265 њутнметри во подрачјето меѓу 1.500 и 4.500 вртежи го забрзува Hyundai i30 Turbo за осум

Hyundai го искористи фејслифтот на i30 за воведување на „Turbo“ како топ-модел
Hyundai го искористи фејслифтот на i30 за воведување на „Turbo“ како топ-модел

секунди до сто и му обезбедува крајна брзина од 219 километри на час. Како вообичаено алиби за спортските модели, подвозјето на i30 Turbo созреваше на „Северниот јазол“ на Нирбургринг, кадешто Hyundai го има изградено и својот развоен центар.

Во споредба со стандардните модели во понудата, спортскиот i30 има подиректно управување со 2,78 вртежи меѓу крајните положби (стандардно 2,85)  и поголеми сопирачки дискови, со пречник од 300 милиметри напред и 284 милиметри назад. Најсилниот i30 е достапен во каросериски верзии со три и со пет врати и се препознава по агресивната маска, редизајнираните браници со црвена лента, диодните дневни светла, двојната издувна цевка и посебно дизајнираните алу-бандажи од 18 инчи со гуми 225/40 R18. Во внатрешноста има спортски седишта со црвени акценти и таван во црна боја. Ексклузивно за турбо-моделот е наменета новата „џет црна“ боја.

Најсилната моделска изведба на i30 е достапна и во каросериска верзија со пет врати и се препознава по црвените лајсни во браниците и диодните дневни светла
Најсилната моделска изведба на i30 е достапна и во каросериска верзија со пет врати и се препознава по црвените лајсни во браниците и диодните дневни светла

Претходна објаваСлучај во Британија: „Верверички ми ја изедоа тојотата!“
Следна објаваСтартуваше производството на новиот Hyundai i30

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here