Серијата 7 на BMW прогласена за најдобар шоферски автомобил за 2016 година

BMW 730Ld победи во изборот за најдобар автомобил за професионалните возачи во Велика Британија. Исто како што големата лимузина на баварската марка е добра за шоферот, добра е и за тој што седи на задната клупа.

Со безгрешниот спој на комфор, задоволство во возењето и врвна технологија, серијата 7 на BMW се покажа како најдобар избор и за шоферот и за тој што го има ангажирано шоферот. Тоа е резултатот од годинешниов избор за најдобар автомобил за професионалните возачи во Велика Британија. За титулата да се најде двапати под сино-белиот амблем придонесоа и квалитетот на изработка, намалената потрошувачка на гориво и шоферската програма којашто ја организира самиот BMW.

Марк Бурса, уредник на магазинот Professional Driver: „Просечната оцена за новиот BMW 730Ld е меѓу највисоките што ги имаме постигнато во историјата на изборот за автомобил за професионалните возачи. Додајте ги импресивно ниските оперативни трошоци и одличната поддршка од производителот и добивате исклучителен автомобил.“

Изборот за автомобил за професионалните возачи се состои од седум категории. Секое возило што се кандидира за изборот подлежи на ригорозно тестирање од над 80 судии, меѓу кои се наоѓаат раководители на водечките компании за шоферски услуги, искусни возачи, како и специјализирани новинари за автомобилизам.

Претходна објаваPorsche планира 20.000 примероци годишно од електричниот Mission E
Следна објаваArteon е новиот знаменосец на Volkswagen на местото на CC

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here