Секој петти директор ги добива најдобрите идеи во возење

Во каква средина добивате најголема инспирација? Land Rover им го постави ова прашање на 900 директори низ светот и дојде до неколку интересни заклучоци.

Британскиот специјалист за теренци Land Rover спроведе глобално истражување меѓу 900 шефови на извршни одбори и менаџери од највисок ранг, барајќи одговор за средината во којашто тие добиваат најголема инспирација за креативни идеи. Според истражувањето, 84% од бизнис лидерите веруват дека средината е важна за поттикнување на креативноста. Меѓу пресудните три физички фактори, 23 проценти од директорите го ставаат свежиот воздух, 18 проценти го наведуваат чувството на простор, додека 5 проценти сметаат дека природните материјали се добри за инспирација. Од психолошките фактори најчесто се избирани комфорот (64%), располагањето со време за размислување (61%) и чувството на релаксираност (41%).

range rover studija (2)Понатаму, студијата наведува дека 48 проценти од директорите сметаат дека домот е најдоброто место за креативноста, а секој петти директор (18%) смета дека најдобрите идеи ги добива во автомобилот. Психологот Кери Купер оценува: „Студијата наведува на заклучок дека автомобилите можат да ги понудат вистинските психолошки и физички услови за креативноста. Честопати, креативната мисла надоаѓа кога најмалку ја очекуваме, додека сме релаксирани и не мислиме на проблемот.“ Експериментите докажале дека најголемата креативност следува кога допаминот се лачи во мозокот при секојдневни или инстинктивни активности, вклучувајќи го и возењето автомобил.

Секој десетти директор во студијата на Land Rover одговорил дека повеќе од 25% од работното време го минува во автомобил. Со тоа се потврдува големото внимание што Land Rover, односно луксузната подмарка Range Rover го посветува во изработката на ентериерот и воопшто на целото возило. Гери Мекговерн, главниот дизајнер на марката, објаснува како Land Rover го постигнува тоа: „Во ентериерот постои ред и визуелна логика, како средина што поттикнува смиреност и спокој, чувство на возвишеност по коешто Range Rover е прочуен.“

Претходна објаваБројот на електрични автомобили во светот се зголеми на 1,3 милион
Следна објаваArash AF10 Hybrid има 2.100 КС, но му недостига уште малку

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here