Вработените во фабриката на Ford во Келн изработија специјална божикна санка од делови од каросеријата на Ford Fiesta и ја „извозеа“ низ погоните делејќи божикни подароци.
Во фабриката на Ford во Келн се појави необична божикна санка. Таа е составена од делови од каросеријата на Ford Fiesta и претставува дел од акцијата што ја замислија вработените во производството на возилата. Каросеријата беше обезбедена директно од лентата за пресување на ламарина, а вработените во лакирницата пронајдоа и соодветна боја – тркачки црвена, металик. Лицата задолжени за погонот ја влечеа божикната санка низ производствените хали на Ford и на вработените им поделија вкупно 4.000 чоколадни фигури.
Секоја година во погонот за завршна монтажа на Ford во Келн се составува мал тим кој е задолжен за досетливото божикно дарување.
















