Роботското такси во Сингапур имаше блиска средба со камион

Во градот држава Сингапур во август почна со редовна служба првото роботско такси во светот. Сега се случи и првата незгода со такси возилата што користат автономна технологија, односно управуваат самостојно во сообраќајот. Причинета е лесна материјална штета, при судирот немаше патници во роботското такси.

Автономните такси возила во Сингапур ја имаа првата сообраќајна незгода од започнувањето на проектот летово. Двајца вработени во такси-фирмата во моментот го тестирале возилото, кога се случил судирот со товарно возило при преоѓање во соседната лента. Причинета е само материјална штета, во возилото во тој момент немало патници.

Роботското такси од август е во редовна служба во еден бизнис кварт во градот држава Сингапур. Азиската фирма прва го стартуваше тестирањето на автономните возила со превоз на патници. Подоцна и алтернативното такси Uber започна да испраќа автономни возила до корисниците на неговата мобилна апликација во градот Питсбург во САД.

Роботските автомобили на Google имаат предизвикано само една незгода

Незгодите со автономните возила се ретки, најчесто се сведуваат на мала материјална штета и по правило се предизвикани од возачите на другите автомобили. Роботските автомобили на Google се пуштени во сообраќај уште од 2009 година и оттогаш се регистрирани десетина судири, во коишто обично друго возило удира во нив.

Автономните возила на Google имаат предизвикано незгода само еднаш, во судир со автобус при преоѓање во соседната лента. Кај Uber во Питсбург е регистриран само еден случај кога роботското такси свртело во спротивна насока во еднонасочна улица. Возачот чијашто должност е само да ја надгледува „роботиката“, ја забележал грешката на техниката и го запрел возилото.

Претходна објаваŠkoda започна со производство на новиот теренец Kodiaq
Следна објаваШампионска серија на BMW M4 во чест на титулата во DTM

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here