Производителите на батерии ја освојуваат автомобилската индустрија

Неколку производители на батерии го држат растечкиот пазар на батерии за електрични автомобили. Засега најголем дел му припаѓа на Panasonic, но тоа се должи само на испораката за една марка.

Водечки производител на батерии за електрични автомобили во светот е Panasonic. Јапонскиот гигант според истражувањата држи 39 проценти од светскиот пазар за електромобили и возила со хибриден погон со надворешно полнење на батериите – plugin hybrid. Големата предност на Panasonic сепак се должи првенствено на нарачките што доаѓаат од калифорнискиот специјалист за електрични автомобили Tesla Motors. Во тек е изградба на најголемата фабрика за батерии во светот, каде што партнер на Tesla е токму Panasonic. Експертите очекуваат со големата продукција во фабриката да дојде до драстично намалување на цената на батериите, што само дополнително ќе ја зголеми предноста на Panasonic на пазарот.

Но, и конкуренцијата не мирува. На второто место е корејскиот производител LG Chem, меѓу чии клиенти се вбројуваат големите автомобилски концерни, како General Motors, Volkswagen, Daiumler и Ford. Водечката тројка ја заокружува корејскиот Samsung SDI, кој меѓу другото испорачува батерии за BMW.

Изборот на нов партнер на Renault-Nissan ќе предизвика раздвижување на пазарот

Nissan Leaf: Шампионот меѓу електричните возила со 240.000 продадени примероци во светот
Nissan Leaf: Шампионот меѓу електричните возила со 240.000 продадени примероци во светот.  Можната потрага по нов партнер за батерии може да предизвика драстични промени во позициите на најголемите производители на батерии

Набрзо може да се случи значително раздвижување на пазарот, доколку Renault-Nissan го смени партнерот за испорака на батерии. Јапонско-француската алијанса користи 9 проценти од светската продукција и во моментов се снабдува од NEC, во рамките на заеднички инвестициски проект. Главниот проблем на Renault и Nissan, кои од друга страна покриваат најголем дел од светскиот пазар на електрични автомобили, меѓу другото вклучувајќи го Nissan Leaf, најпродаван модел со чистиот погон во светот, претставува токму високата цена на производство на батерии. Доколку ова производство наскоро му биде доделено на LG Chem или Samsung SDI, сосема е извесно дека ќе се случи драстично поместување на пазарните позиции меѓу водечката тројка.

Претходна објаваЕлеганција на стероиди: Mercedes-AMG C 63 Coupe
Следна објаваDaimler доби дозвола да тестира самовозечки камиони по патиштата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here