за

Произведен првиот примерок од C-Class Cabriolet во Бремен

Од фабриката на Mercedes во Бремен денес излезе првиот примерок од кабриолетот од C-Class. За првпат во гамата на овој модел се нуди кабриолет изведба. Вкупно девет модели се произведуваат во Бремен.

Производственото портфолио на фабриката на Mercedes во Бремен го доби и деветтиот модел. Денес оттаму излезе првиот примерок од кабриолетот од C-Class, кој ќе се произведува на иста лента со C-Class Coupe, E-Class Coupe и E-Class Cabriolet. За првпат во историјата на моделот од средната класа се нуди и кабриолет изведба.

Основата за C-Class Cabriolet потекнува од купето, што значи дека се работи за лесна каросериска конструкција, со крила, хауба и капак на багажникот изработени од алуминиум. Во производството на кабриолетот е потребна голема флексибилност, поради многубројноста од бои на покривот (стандардно црна, а по избор темнокафена, темносина, темноцрвена) и опцијата за повеќеслојна звучна изолација. Монтажата на покривот, исто како и вградувањето на кокпитот, не се вршат автоматски, туку мануелно со помошен носач. Со сите варијанти на опрема и системи за асистенција, секое возило што излегува од погоните во Бремен е практично уникат.

Моментно во фабриката со 12.500 вработени се произведуваат девет модели: Лимузината, комбито, купето и кабриолетот од C-Class, купето и кабриолетот од E-Class, од неодамна спортскиот теренец GLC, како и родстерите SLC и SL. Летово пристига уште еден модел, GLC Coupe. Од Бремен се раководи со глобалната продукција на C-Class, како најпродавана моделска серија на Mercedes, којашто дополнително се произведува и во Таскалуза (САД), во Пекинг (Кина) и Ист Лондон (Јужна Африка).

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan развива електричен автомобил со алкохол како погонско гориво

Audi City Paris: Спектакуларен авто-салон во срцето на светската метропола