Продажбата на Porsche во април порасна за 21 процент

Продажбата на Porsche во април забележа пораст од 21 процент. Во овој месец, спортската марка испорача преку 15.000 возила. За период од четири месеци, Porsche веќе има продадено 52.241 возило, што исто така претставува пораст од дваесетина проценти во споредба со ланскиот период.

Најпродаван модел на Porsche во април и натаму е Cayenne, со 7.536 примероци. Бернхард Мајер, член на одборот за продажба и маркетинг, нагласува: „Со нашите производи кои се популарни на глобално ниво и со рамномерна распределба на продажбата во светот, забележавме пораст и во април. Но, и покрај тоа, точно ги следиме осцилациите на пазарот и будно ја следиме ситуацијата.“

Претходна објаваТест: Volvo V40 D2 Momentum
Следна објаваРоманија ќе ги запленува колите на брзите возачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here