Последниот Rolls-Royce Phantom VII го напушти Гудвуд

Според Rolls-Royce, секоја генерација на Phantom го означува почетокот и завршетокот на една автомобилска ера. Со заминувањето на седмата генерација и најавата на следната, Rolls-Royce го подготвува светот за новите мерила за луксузот што ќе бидат поставени откако наследникот ќе пристигне в година. Последната нарачка е веројатно најексклузивниот Phantom произведен досега.

Уште од создавањето на „New Phantom“ во 1925 година, секоја генерација под ова моделско име поставувала нови мерила за луксузот. Rolls-Royce деновиве го одбележува заминувањето на последниот примерок од седмата генерација на Phantom од фабриката во Гудвуд, а тоа значи дека светот може да очекува автомобилските стандарди наскоро да се искачат на следното скалило, откако ќе пристигне замената.

Rolls-Royce Phantom VII last 00002

Роден како наследник на „најдобриот автомобил во светот“ и како „единствено замисливо превозно средство за најпознатите, најбогатите и највлијателните светски личности“, Phantom во последната генерација се произведуваше 13 години. За наследникот се знае малку, речиси ништо. Rolls-Royce и во тој поглед ја почитува традицијата од Phantom I од 1925 година, кога главниот инженер Ернест Хајвс наредил целата фабрика да се загради со дебели метални плочи, за новиот модел да остане во апсолутна тајност до неговото претставување.

Rolls-Royce Phantom VII last 00005

Rolls-Royce не го открива ниту идентитетот на сопственикот на последниот примерок од Phantom VII и само наведува дека овој уникатен и бесценет автомобил е изработен по нарачка на светски познат колекционер на автомобили од британската марка. На дрвените панели во кабината се прикажува прекуокеански брод од 1930-те години. На тоа се надоврзуваат неколку делови од кожениот ентериер во бледо сина боја, изработени со шара што потсеќа на бранување.

Сопственикот на овој Phantom владее и со „времето“ во светот

Вообичаено за Phantom, секој детал е уникатен и изработен според желбите на сопственикот. Стилот на прекуокеанските крстосувачи го следат и двата часовника во кабината, со рамка на којашто се прикажани 24 временски зони и може да се ротира зависно од тоа каде сопственикот се наоѓа во моментот. Во манир својствен за Rolls-Royce, подот е обложен со јагнешко крзно. Доколку овој примерок од Phantom VII некогаш во иднина се најде на продажба, неговата вредност исто така ќе поставува нови мерила.

Наследникот пристига в година, со алуминиумска каросерија исто како идниот теренец Cullinan, со задолжителен дванаесетцилиндарец.

[FAG id=27174]

Претходна објаваОстрење на Toyota GT86 за пречек на новата Supra
Следна објаваДвократниот Ф1-шампион Фитипалди со сопствена марка суперавтомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here