Петмина механичари на Nissan што се попрецизни од секоја машина

Само петмина механичари ја имаат довербата на Nissan да ги изработуваат моторите за GT-R. Овие врвни мајстори на својот занает се нарекуваат такуми и попрецизни се и од машина.

Такуми е врвен мајстор на својот занает, кој ги има доведено своите вештини до совршенство низ долги години и децении. Во Nissan во моментов работат петмина такумија: Изуми Шиоја, Тецуши Мацумото, Џунеми, Ојама, Хиројуки Ичикава и Такуми Куросава.

Ова се имињата на мајсторите што ги изработуваат моторите за GT-R и специјализирани се исклучиво за 3,6-литарскиот V6 со битурбонатполнење. За шест часови, во просторија со постојана температура од 23 степени Целзиусови се произведува по еден мотор за суперспортскиот модел на јапонската марка.

Мотото на овој избран тим гласи „еден човек, еден мотор“. По завршувањето со монтажата, секој мотор добива плочка со името на мајсторот што го составил. Тоа ги обврзува такумијата да дадат сé од себе, но секако ги прави и особено горди на своето дело.

Причината што Nissan им верува на своите врвни мајстори повеќе отколку на машините кои во изминатите 80 години имаат изработени над 35 милиони мотори е во тоа што такуми се во состојба да го препознаат и најмалиот зјај и рачно да ја отстранат и најситната прашинка. Секое отстапување од само десетина микрометри би можело да влијае негативно врз перформансите на моторот. Готовите мотори се ставаат на пробна рампа, кадешто работат на 3.000 вртежи, потоа се полнат со масло и на крајот се проверува рачно дали се појавуваат недозволени вибрации при работата на моторот.

Не се малкумина сопствениците на Nissan GT-R што допатувале во Јокохама за лично да му изразат благодарност на мајсторот што го составил моторот во нивниот автомобил, на нивниот такуми. Телевизиската легенда и автомобилски ентузијаст Џеј Лено е еден од нив.

Претходна објава„Слушачи на мотори“ го проверуваат квалитетот на Ford Focus RS
Следна објаваФејслифт за Audi A3 и скусување за еден цилиндар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here