за

Осомничениот за кражба на болничките акти на Шумахер пронајден мртов

Лицето вработено во хеликоптерска служба за брза помош од Швајцарија, коешто беше притворено поради сомневање за кражба на документи е пронајдено обесено во затворската ќелија.

Вработениот во хеликоптерската служба за брза помош од Швајцарија, коешто се наоѓаше во притвор поради сомневање за кражба на болничката документација на рекордерот во шампионски титули во формула 1, се обесил во затворската ќелија. Мртвото тело на осомничениот било пронајдено во средата наутро во полициски затвор во Цирих. Името на лицето уште не се открива, но според швајцарското државно обвинителство се работи за вработен на висока позиција во хеликоптерската служба, коешто во вторникот било притворено поради сомневање за предавање на доверливи документи. Дел од болничката документација на Шумахер во јуни им беше понуден на продажба на неколку влијателни медиуми.

По неколкумесечна кома што следуваше по тешката повреда на скијање во декември, Шумахер во моментов се наоѓа во швајцарската Реха. Хеликоптерската служба Rega првично требаше да го реализира транспортот на Шумахер од Универзитетската клиника Гренобл до Лозана, па вработените имаа увид во комплетната документација на 45-годишниот Германец.

Постапката за илегалното предавање на доверливи документи е прекината по смртта на лицето што беше осомничено за делото. Не постојат сознанија за други осомничени лица. Место со хеликоптер, како што првично се планираше, Шумахер беше пренесен во Швајцарија со амбулантно возило. Документацијата на Шумахер им се нудеше на медиумите за 50.000 евра. ИП-адресата на компјутерот, од когошто биле испратени понудите за продажба, воделе до фирмата Rega. За здравствената состојба на седумкратниот светски шампион уште нема конкретни информации.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова генерација на Chevrolet Volt доаѓа во јануари 2015

Новиот Ford Mondeo за прв пат достапен и во хибридна верзија