за

Од саемот на тјунинг на Боденско Езеро (фото-галерија)

Овој саем на автомобили буквално работи турбо. „Тjунингворлд“ се право се вбројува меѓу најважните настани на сцената на брзите и бесните. Тоа го потврдува и бројката од преку 100.000 посетители од цела Европа.

Собирот на брзите, сјајните и екстремните во германскиот Фридригсхафен, на брегот на Боденското Езеро, секоја година го означува стартот на тјунинг-сезоната во почетокот на мај. Во оваа година, 103.320 посетители од цела Европа пристигнаа на „Тунингворлд Бодензе“ да ги видат експонатите од 202 изложувачи и вкупно 37-те светски премиери. Освен салонски, тркачки и американски автомобили, во рамките на саемот се одржа и европскиот шампионат во тјунинг, како и задолжителниот избор на мис. Носителка на титулата мис на тјунингот за оваа година е 25-годишната Лиане Гинтер од Хорн-Бад Мајнберг.

Како мина годинашниов „Тунингворлд“ погледнете во фото-галеријата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota во САД го рекламира својот автомобил што вози на … „булшит“

Mercedes дизајнираше авионска кабина од прва класа за Lufthansa