за

Овие модели задржуваат најмногу од вредноста

Автомобилот ја губи вредноста уште откако ќе излезе од салон. Но, секој модел не губи исто од вредноста. Некои вредат повеќе по неколку години, некои многу помалку. Ова се автомобилите во кои вреди да се вложува.

Кој е најголемиот трошок поврзан со автомобилите, по купувањето? Потрошувачката на гориво, секако! Повеќето сопственици на возила сметаат така, но не се во право. Најголемиот трошок околу автомобилите е амортизацијата, односно губењето на вредноста со текот на годините. Некои автомобили вредат повеќе од другите кога сопственикот ќе реши да ги продаде, иако куповната цена им била приближно иста.

Консултантската куќа БФ Форкастс редовно ги објавува процените на вредноста на возилата во 14 класи. Возилата се оценуваат според два критериума: Оние што ќе задржат најмногу од вредноста во проценти по четири години и оние губат најмалку од вредноста во евра. Постојат модели кои задржуваат најмногу од вредноста според обата критериума, односно и во проценти и во евра, на пример Mercedes ML 250 CDI или Mazda 6.

Класа на мини возила

skoda citigoНајмалечките возила во овие прогнози се домен на Volkswagen. Без разлика дали амортизацијата се одредува во проценти или во евра, моделите на Volkswagen секогаш се на врвот. Единствен исклучок е Opel Adam, на третото место според амортизацијата во проценти.

Најголемо задржување на вредноста во проценти

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Skoda Citigo Easy, 1.0, 3 врати 8890 55,5 3.956
2 VW up!, take up, 1.0 9975 55,0 4.489
3 Opel Adam, 1.2 11500 53,5 5.438

Најниска загуба во евра

Класа на градски возила

dacia sandero 1Во поглед на противвредноста, никој не може да ја победи Dacia. Затоа не е изненадување тоа што Франко-Романците се како претплатени за највисоките места во оваа статистика. Со процентуалната вредност, Dacia е меѓу стилската икона Mini и трендовскиот Audi A1. Во поглед на амортизацијата во евра, Sandero е неприкосновено прв, пред Ford Fiesta и Peugeot 208.

Најголемо задржување на вредноста во проценти

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Mini One 15700 56,0 6.908
2 Dacia Sandero Essential, 1.2 16V 6990 54,0 3.215
3 Audi A1 Sportback Attraction 1.2 TFSI 17400 53,0 8.178

Најниска загуба во евра

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Dacia Sandero Essential 1.2 16V 6990 54,0 3.215
2 Ford Fiesta Ambiente 1.25 10950 49,0 5.585
3 Peugeot 208 Access 68 VTi 11700 52,0 5.616

Класа на компактни возила

dacia loganНовиот Logan изгледа неспоредливо подобро од претходникот, но од него наследи нешто многу повредно. Лимузината на Dacia има најмала загуба од вредноста во евра. Kia Ceed е веднаш зад Романците, а на третото место е Seat Leon 1.2 TSI. Според проценти, најмала загуба бележат моделите кои играат во сосема друга лига. Mercedes CLA 180 по четири години задржува 57 проценти од вредноста на ново, по него се Volkswagen Golf 1.2 TSI Trendline и Mercedes A 180 BE.

Најголемо задржување на вредноста во проценти

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Mercedes CLA 180 28977 57,0 12.460
2 VW Golf Trendline 1.2 TSI 16975 55,0 7.639
3 Mercedes A 180 BE 24812 54,5 11.289

Најниска загуба во евра

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 DaciaLogan 1.6 MPI 7990 48,5 4.115
2 Kia Ceed 1.4 12990 48,0 6.755
3 Seat Leon 1.2 TSI 15.390 52,0 7.387

Средна класа

hyundai i40Првото место во средната класа му припаѓа на моделот на Hyundai, кој задржува 45 проценти од вредноста на ново по четири години. Веднаш зад него е Mazda 6, а со мал заостаток на третото место е Peugeot 508. Вредноста на јапонската лимузина се потврдува со тоа што е еден од ретките модели кои се пласирани меѓу најдобрите во двете категории, односно според проценти и според вредноста во евра. Поскапата, но и поатрактивна серија 3 на BMW е на првото место, додека Audi A4 е на третото место, зад Mazda.

Најголемо задржување на вредноста во проценти

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 BMW 316d 30900 52,0 14.832
2 Mazda 6 2.2 D 28490 51,0 13.960
3 Audi A4 1.8 TFSI 27750 50,0 13.875

Најниска загуба во евра

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Hyundai i40 1.6 21950 45,0 12073
2 Mazda 6 2.0 G 24990 50,5 12370
3 Peugeot 508 120 VTi 24200 44,2 13501

Виша средна класа

mercedes clsПовисоките класи им припаѓаат на германските производители. Имиџот на премиум марките им овозможува да задржат повисок процент од вредноста на ново, но од друга страна тие се во понеповолна позиција поради повисоките цени и поради повисоката загуба во евра. Без разлика, првите три места, во процентуалната амортизација, им припаѓаат на премиум марките.

Најголемо задржување на вредноста во проценти

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Mercedes CLS 350 CDI 65629 54,5 29.861
2 Audi A6 2.0 TDI 39200 50,0 19.600
3 Mercedes E 250 CDI 46321 49,0 23.624

Најниска загуба во евра

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 VW CC 1.8 TSI 32200 45,5 17.549
2 Audi A6 2.0 TFSI 36800 49,5 18.584
3 Volvo V70 D2 33800 43,5 19.097

Луксузни возила

audi a8Најмала загуба во евра постигнува Audi A8 – релативно најмала, затоа што во секој случај се работи за 40.000 евра. Истите три возила за прв пат се појавуваат на првите места во поглед на задржувањето на вредноста во проценти и висината на губитокот во евра.

Најголемо задржување на вредноста во проценти

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Porsche Panamera Diesel 81490 47,5 42782
2 Audi A8 3.0 TDI 70000 43,5 39550
3 BMW 730d 74900 42,0 43442

Најниска загуба во евра

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Audi A8 3.0 TDI 70000 43,5 39550
2 Porsche Panamera Diesel 81490 47,5 42782
3 BMW 730d 74900 42,0 43442

Компактни теренци

dacia dusterКаде и да се појави марката Dacia, неа ѝ припаѓа првото место во задржувањето на вредноста во евра. Duster е без конкуренција најисплатлива инвестиција во класата на компактните теренци, со предност од 3.000 евра пред второпласираната Mazda CX-5. На третото место се појавува марката Toyota. При одредувањето на вредноста во проценти, моделите од премиум марките секогаш се во предност. Тука победува Mini Countrymen, пред Range Rover Evoque и BMW X3.

Најголемо задржување на вредноста во проценти

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Mini Countryman Cooper D 26050 56,5 11332
2 Range Rover Evoque 2.2 eD4 33400 56,0 11696
3 BMW X3 xDrive 20d 39900 56,0 17556

Најниска загуба во евра

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Dacia Duster 1.6 4×4 15490 52,0 7423
2 Mazda CX-5 G 2.0 AWD 23890 54,0 10963
3 Toyota Urban Cruiser 1.4 D-4D 4×4 21250 48,0 10971

Теренски возила

mercedes mИзненадувачки е тоа што на третото место се пласира возило кое што има губиток на вредноста во евра исто колку добро моторизиран компакт – станува збор за Mercedes ML 250. И покрај тоа, спортскиот теренец на Mercedes е мошне блиску до значително поевтините модели кои се пласираа на првото и второто место, Mitsubishi Pajero и Hyundai Santa Fe. Дотолку повеќе не изненадува тоа што во поглед на задржувањето на вредноста во проценти, ML победува пред Porsche Cayenne и BMW X5. Голем успех е третото место на BMW, ако се има во предвид дека наскоро пристигнува новиот X5. Тоа им успева само на најпопуларните модели.

Најголемо задржување на вредноста во проценти

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Mercedes ML 250 4Matic 55990 54,5 25475
2 Porsche Cayenne Diesel 62928 51,0 30835
3 BMW X5 xDrive 30d 55300 48,0 28756

Најниска загуба во евра

Марка и модел Цена на ново Преостаната вредност во % Преостаната вредност во евра
1 Hyundai Santa Fe 2.4 2WD 29990 47,5 15745
2 Mitsubishi Pajero 3.2 DI-D 31990 46,5 17115
3 Mercedes ML 250 BT 4Matic 55990 54,5 25537

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche во лигата на шампиони – Новиот 911 Turbo

Интервју: Хуберт Валтл за производствената стратегија на новиот Golf