Водителот на „Top Gear“ е суспендиран. Социјалните мрежи беснеат, сите бараат Џереми да се врати во шоуто. Еве неколку образложенија зошто би морало да се отповика суспендирањето на овој човек.
„Едноставно не ги разбирам лентите за автобуси. Како е можно сиромашните луѓе да пристигнуваат побрзо од мене?“
„На сите ни е познато дека малечките автомобили се добри за нас. Но, исто и рибиното масло. И џогингот.“
„Простете, но да имаш Aston Martin DB9 пред куќа и да не го возиш е исто како да ја имаш Кеира Најтли во кревет и да спиеш на софа. Па дури и да имаш половина ‘вреќа’, тоа нема да се случи.“
„Многу е брз и многу, многу, многу гласен. И во свијоците го лизга ‘опашот’ побрзо од Џорџ Мајкл“ – за Jaguar XK-R S
„Луѓето кажуваат дека била убава. Не е. Изгледа како сварен коњ.“ – за Сара Џесика Паркер
„Тие патат од иронична инсуфициенција. Навистина верувам дека во некои подрачја на САД почнале да вкрстуваат луѓе со зеленчук“ – за Американците
„Британските атомски подморници се класифицирани како небезбедни. Веројатно поради тоа што немаат рампа за инвалидски колички …“
„Единствениот човек што изгледал добро во кабриолет со четири седишта бил Адолф Хитлер“
„Ако сте клинички луди, мислам. Ако се будите наутро и мислите дека сте кромид. Тогаш ова е Вашиот автомобил.“ – за BMW X3
„На луѓе на вечерна забава да им кажеш дека возиш Nissan Almera е исто како да им кажеш дека имаш ебола и мора да кивнеш.“
„Овој автомобил е како херпес. Уживаш додека го добиваш. Но, не и кога мораш секој ден да живееш со него.“ – за Chevrolet Corvette Z06
„Треба да се избегнува како незаштитен секс со етиопски травестит“ – за Suzuki Wagon R
„Кога и да патам од несоница, само погледнувам во фотографија од Toyota Camry и заспивам веднаш“
„Основната цена изнесува 118.000 фунти, што не е толку лошо. Мислам, продај ја куќата, продај ги децата за медицински експеримент, ограби банка и за кусо време ги имаш парите.“
„На списокот на најглупави работи во светот, американската надворешна политика би ја ставил на петто место. СИДА на четврто. Иранската нуклеарна програма на трето. Гордон Браун на второ и менувачот на Maserati на прво место. Толку е лош.“
„Вечерва, новиот Viper, којшто е американски еквивалент на спортски автомобил .. исто како што, претпоставувам, Џорџ Буш е еквивалент на претседател.“
















