Најпродаваните автомобилски марки на европскиот пазар годинава

Автомобилските марки ги објавија продажбите за првите три квартали годинава на европскиот пазар. На првото место е неприкосновен Volkswagen со над 1,3 милион продадени возила, пред Renault со половина милион возила помалку, но затоа со огромен раст во продажбата од 13,4 проценти. Кај премиум марките, Mercedes е на најдобар пат до крајот на годинава да го престигне Audi.

Продажбата на патнички автомобили во ЕУ продолжи по нагорна линија и во септември, со 1.455.180 примероци или за 7,2 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Сите големи пазари во ЕУ забележија позитивен тренд, со најголем раст во продажбата во Италија (17,4%), Шпанија (13,9%) и Германија (+9,4%).

За целиот период од јануари до септември, на европскиот пазар се продадоа 11.607.266 патнички автомобили, што претставува зголемување од 7,7 проценти во споредба со првите три квартали лани. Двоцифрен пораст забележија пазарите во Италија (17,4%) и Шпанија (+11,5%), пред Германија (+6,1%), Франција (+5,7%) и Велика Британија (+2,6%).

Премиум марките се наредени едноподруго, почнувајќи од шестото место

Продажната статистика за одделните марки го прикажува Volkswagen на првото место, со минимално зголемување на продажбата од 0,1 проценти, но и натаму со голема предност пред втората најпродавана марка Renault. Со 816.678 продадени возила, Французите се пред Ford, додека Opel е на четвртото место. Peugeot е следната големоволуменска марка на ранг-листата, по што следува германското премиум трио Audi, Mercedes и BMW, распоредени од шестото до осмото место. Водечката десетка во регионот на ЕУ и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд (ЕФТА) ја комплетира Fiat, пред Skoda со над половина милион продадени возила и зголемување од 6,5 проценти.

Jaguar и Honda со најголем скок во продажбата во регионот

Најголем скок во продажбата има постигнато Jaguar со 75,5 проценти и над 50.000 возила во првите три квартали. Следи Honda со зголемување на продажбата од 27,5 проценти и близу 130.000 возила. Под просечниот раст на продажбата во регионот од 8 проценти се Toyota, Opel, Skoda, Volvo, Ford, Peugeot, Citroen, Porsche, Volkswagen и Seat, додека Nissan и новосоздадената премиум марка DS се во пад.

По одделни пазари, Германија предводи со 2,55 милиони продадени возила во првите три квартали и раст од 6,1 проценти, пред Велика Британија со 2,15 милиони (+2,6%) и Франција со 1,5 милион возила (+5,7%).

Јан-Сеп. Септември
Примероци Промена во % Примероци Промена во %
’16 16/15 ’16 16/15
VOLKSWAGEN 1,315,129 +0.1 162,168 +3.8
RENAULT 816,678 +13.4 97,066 +19.1
FORD 811,778 +4.3 108,303 -0.7
OPEL 775,765 +6.7 102,958 +3.9
PEUGEOT 666,751 +3.8 77,412 -1.9
AUDI 638,664 +8.1 81,824 +8.5
MERCEDES 636,169 +14.8 91,567 +17.9
BMW 619,659 +11.7 87,677 +11.3
FIAT 580,682 +15.4 67,129 +10.8
SKODA 503,718 +6.5 62,453 +8.9
TOYOTA 460,959 +7.3 61,269 +7.6
NISSAN 428,390 -2.0 61,853 -3.2
CITROEN 425,341 +0.6 45,032 -10.4
HYUNDAI 386,480 +8.8 51,490 +3.9
KIA 337,595 +14.4 44,657 +11.9
DACIA 322,909 +11.8 33,809 +17.8
SEAT 263,509 +0.1 29,423 +0.2
VOLVO 209,984 +5.9 27,500 -0.9
MAZDA 188,675 +17.3 27,448 -0.5
MINI 159,116 +14.5 26,379 +18.9
SUZUKI 154,612 +12.6 20,895 +2.3
HONDA 127,655 +27.5 19,866 +8.5
LAND ROVER 120,534 +16.8 18,713 +24.9
MITSUBISHI 89,694 -9.8 10,259 -8.4
JEEP 80,263 +22.1 10,386 +21.0
SMART 79,231 +10.2 9,685 +17.7
PORSCHE 54,080 +0.3 6,734 +8.4
DS 53,932 -5.5 6,512 -15.4
LANCIA/CHRYSLER 52,794 +9.2 5,402 +14.7
JAGUAR 51,013 +75.5 9,844 +44.0
ALFA ROMEO 48,493 +11.5 6,953 +39.0
LEXUS 34,750 +18.8 6,059 +17.4
Други јапонски марки: Daihatsu, Subaru 29,780 +0.1 4,011 -10.1
Dodge, Maserati (FCA) 5,677 +11.5 978 +48.4
Bentley, Lamborghini, Bugatti (VW) 3,498 +36.2 543 +100.4
CHEVROLET 2,206 -26.8 101 -50.0
Други General Motors 596 +38.3 75 +59.6

 

Претходна објаваБританската влада вложува 10 милиони фунти во полначи за електромобили
Следна објаваНапнатоста расте во Mini: Пристига првиот хибриден модел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here