за ,

Лоши времиња за Fiat: Марката Lancia ќе се продава само дома

Уште една голема легенда на италијанската автоиндустрија згасна. Шефот на Fiat потврди дека отсега марката Lancia ќе се продава само на домашниот пазар.

Шефот на Fiat Серџо Маркијоне во интервју во денешното издание на дневникот „Ла Република“ изјави дека марката Lancia ќе биде достапна само за италијанските купувачи. Според дневникот, во иднина целата понуда на марката ќе се сведе само на еден модел, на убавиот автомобил на убавите девојки и нежните момци Ypsilon. На останатите пазари во Европа марката нема да се продава, што значи дека соодветно ќе згаснат и претставништвата.

Ова можеби звучи како драстична мера, но во практиката дури 80 проценти од возилата на Lancia и досега се продаваа само на италијанскиот пазар. До минатиов ноември, легендарната марка со неславен крај продаде 68.223 возила во земјите во ЕУ, што претставува намалување од 21,5 проценти во споредба со истиот период лани.

Дали истата судбина ќе ја снајде и Alfa Romeo?

Не случајно, втората престижна марка на Италијанците во истиот период продаде уште помалку автомобили, односно 57.964 возила – 29,2 проценти помалку од лани. На прашањето дали истата судбина ја очекува и Alfa, Маркијоне одговори дека за неа претстои посветла иднина. Шефот подготвува голем камбек на Alfa, со модели со типичен италијански карактер кои што ќе бидат позиционирани во премиум сегментот покрај BMW и Mercedes. Идните модели ќе се произведуваат во италијанските фабрики на Fiat, со цел да се постигне „специфичен италијански карактер“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За големи семејства: Автомобили со седум седишта

Најпродаваните автомобили во светот во 2013 година