Колку автомобили произведуваат европските земји?

Околу шампионот во производството на автомобили во Европа нема двоумење. Германија е неприкосновена на врвот. Но, некои поранешни супер сили во авто производството се паднати мошне ниско.

Германија е најголем пазар за нови автомобили, но и најголем производител на територијата на Европа. Во минатата година во германските фабрики се произведени 5.439.904 возила. На второто место на европската ранг листа на производители на автомобили следи Шпанија со 1.509.762 возила, што е одвај една третина од бројката што ја произведуваат Германците. На третото и четвртото место се Велика Британија (1.509.762 возила) и Франција (1.454.166 возила). Преку еден милион возила се произведоа и во Чешка (1.128.473).

Каде е некогашниот гигант во авто-производството, Италија? Уште е рано. Дури и новодојденците во индустријата на четири тркала, Словаците, со 825.001 возило, во 2013 година произвеле двојно повеќе од Тифозите со 388.465 примероци од нивните Fiat, Alfa, Lancia,Maseratiили Ferrari. Дури и во Турција, Полска, Белгија и Романија во меѓувреме се симнуваат повеќе возила од производственте ленти отколку во Италија.

Вклучувајќи ја Русија (1,92 милион возила) во минатата година во Европа се произведени 17.290.757 возила, што е повеќе од кој било друг регион во светот. Кина има произведено 16.074.821 автомобили – од кои 3,5 милиони се од заедничките фабриките со германските марки – додека од лентите во САД се симнале 10,8 милиони возила. Јапонија произвела 8,2 милиони, Јужна Кореја 4,12 и Индија 3,2 милиони автомобили. Во целиот свет, лани се произведени вкупно 72.252.382 лесни патнички возила.

Претходна објаваVolkswagen го испорача XL1 на првиот купувач
Следна објаваВо април продадени 314 нови автомобили во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here