за

Во април продадени 314 нови автомобили во Македонија

Ford Fiesta е најпродаван модел на македонскиот пазар во април, пред Skoda Rapid и Toyota Aygo. Од почетокот на годинава се продадени само 1.363 нови возила, вклучувајќи и доставни возила.

Големо изненадување во април ни приреди Ford Fiesta, која што од десеттото место во претходниот месец се искачи на првата позиција во продажбата на македонскиот пазар, со 28 примероци и пазарно учество од 7,1 проценти. Со мал заостаток следи Skoda Rapid со 26 примероци, престигнувајќи го Volkswagen Golf како најпродаван модел на нашиот пазар од почетокот на годинава. Со тоа, Македонија е прва земја во којашто Rapid избива на највисокото место во продажбата во првите четири месеци од 2014 година. Забележлив е и успехот на Toyota Aygo на третото место, како и на Hyundai i30, Fiat Linea и Dacia Duster, кој во последниве месеци постојано се појавуваше на највисоките места во продажбата. Водечката десетка ја заокружува Opel Antara, со 10 продадени примероци.

Меѓу автомобилските марки води Skoda со 44 возила во април, пред Volkswagen (34) иFiat (26). Според податоците од Царинската управа, до април се увезени 8.399 користени автомобили од почетокот на годинава, наспроти 921 нов патнички автомобил.

 

Десетте најпродавани модели во Македонија во април

 

Место Модел Продажба април јан-апр. 2014
1 Ford Fiesta 28 45
2 Skoda Rapid 26 76
3 Toyota Aygo 18 27
4 Hyundai i30 15
5 Fiat Linea 14
6 VW Golf 13 66
7 Skoda Octavia 13 41
8 Fiat Doblo 12 41
9 Dacia Duster 10 65
10 Opel Antara 10 37

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку автомобили произведуваат европските земји?

„Циркус со мечки“ за 20-годишнината на Мак Аутостар