за ,

Кина се бори со „топови“ против отровната загаденост на воздухот

Поради рекордните вредности на токсичност на воздухот, повеќе градови во Кина почнаа со користење на топови за магла по улиците. Тие буквално го мијат воздухот, но и натаму се далеку од решение за проблемот.

Нивото на загаденост на воздухот во Пекинг и други градови во Кина во последниов период забележа рекордни вредности на токсичност. Во отсуство на можност да се најде брзо и трајно решение, градските власти сега решија да користат топови за магла по улиците. Овие топови обично се користат во рударската индустрија и чинат околу 85.000 евра, а нивната функција во конкретниов случај е да го „мијат“ загадениот воздух од опасната нечистотија. Ситните неразградливи честички, помали од 10 микрометри, сепак не можат да се отстранат на овој начин и остануваат и натаму во воздухот, загрозувајќи го здравјето на граѓаните. Овие честички откако еднаш ќе навлезат во организмот преку дишните патишта и слузокожата, повеќе не можат да се отстранат и остануваат како потенцијална опасност за предизвикување рак.

Прашање е колку Кинезите ќе успеат на овој наивен начин да ја намалат загаденоста на воздухот. Пред неколку недели, во Пекинг беше воведена вонредна состојба, со примена на пар-непар режим на возење и затворање на дел од индустриските капацитети, но и тоа не покажа позитивни резултати. Кина во меѓувреме прерасна и во најголем светски пазар за електрични автомобили, пред САД, Европа и Јапонија, но хроничната негрижа околу зачувувањето на животната средина и рапидниот пораст на возниот парк со недоволно еколошки возила, доведоа до сегашната алармантна ситуација. Во поглед на нивото на загаденост на воздухот, Скопје не само што не заостанува, туку и го надминува Пекинг, разликата е единствено во тоа што како светска метропола наидува на поголем публицитет. Во Скопје, инаку, асфалтот се прскаше со калиум магнезиум ацетат. Да имаше само уште простор за смеа по ваквиот наивен обид. Околу причините зошто во Македонија не се воведува режим на возење пар-непар или какви било други рестрикции на сообраќајот, можете да прочитате повеќе тука.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes влегува во бизнисот со скапоцени недвижнини

BMW ве „снима“ како возите, каде возите и на кого се јавувате