Катар со воен експерт во надзорниот одбор на Volkswagen

Емиратот Катар, како еден од поголемите акционери во Volkswagen, ќе постави воен експерт на едно од двете места што му припаѓаат во надзорниот одбор. Актуелниот член ќе мора да замине предвреме.

Катар е еден од поголемите акционери во Volkswagen и планира да ги замени своите постоечки членови во надзорниот одбор на германскиот производител. Како сопственик на 17 проценти од правата на глас во најголемиот производител на автомобили во Европа, емиратот ќе го ангажира воениот експерт и пилот на борбен авион, шеикот Абдула Бин Мохамед Бин Сауд Ал-Тани во контролниот одбор во Волфсбург. Замената ќе се предложи на главното собрание што се одржува на 5-ти мај.

Катарецот на возраст од 55 години, по обемна воена обука во државните служби на емиратот, ќе го замени досегашниот член во надзорниот одбор Ахмад Ал-Сајед. Тој ја презеде контролната функција во 2013 година и ќе мора истата да ја напушти предвреме.

Претходна објаваМлазниот авион на Honda поаѓа на светска тура
Следна објаваЗа вкусови не се расправа, но… Кога дизајнерите имаат лош ден

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here