Volkswagen инвестира 85,6 милијарди евра во нови модели и фабрики

Концернот Volkswagen ќе инвестира 85,6 милијарди евра до 2019 година во нови модели, технологии и инфраструктура. Две третини од тоа се наменети за возила, погонски решенија и во еколошко производство. Материјалните инвестиции изнесуваат 64,3 милијарди евра, на што се надоврзуваат 21,9 милијарди евра за активирани развојни трошоци и 600 милиони евра во финансии и недвижнини.

Повеќе од половината од планираните средства, односно 56 проценти се наменети за инвестиции во Германија, при што 41,3 милијарди евра одат на модернизација и проширување на понудата на модели на сите марки во рамките на концернот. Тежиштата во овој поглед се проширување на понудата на спортски теренци и кросовери во пониските сегменти, како и делумна модернизација на моделската понуда кај лесните товарни возила.

Покрај тоа, концернот во следните пет години ќе инвестира 23 милијарди евра во проширување на производствените капацитети, како новата фабрика за Crafter во Полска и новата фабрика за Audi во Мексико. Најголемиот дел од инвестициите во ова подрачје отпаѓаат на преси и лакирници. Останатите средства се наменети за развој, одржување на квалитетот, дистрибуција, снабдување со резервни делови и информатичка технологија.

Во вкупната сума не влегуваат вложувањата во Кина, во коишто според законите учествува и самата држава. Тамошните заеднички инвестиции предвидуваат 22 милијарди евра во нови фабрики и производи во периодот до 2019 година.

Претходна објаваМосква: Изгореа дванаесет автомобили во вредност од 2,6 милиони евра
Следна објаваFord Mustang се качи на највисоката зграда во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here