за

Интервју со дизајнерот Јозеф Кабан: „Skoda станува многу поемотивна“

Skoda официјално ќе го претстави новиот голем теренец во септември. Главниот дизајнер на чешката марка, Јозеф Кабан, говори за новиот идентитет на Skoda во сегментот на спортските теренци и кросовери, кадешто набрзо ќе следуваат уште неколку модели.

Kaban Jozef interviewГосподин Кабан, што претставува дизајнот на Skoda Kodiaq за марката?

Јозеф Кабан: Skoda Kodiaq е пионер за нашата марка од две гледишта. Ние влегуваме во нов сегмент со нашиот прв голем спортски теренец, над Yeti. Во исто време, Kodiaq е прв модел со новиот дизајнерски јазик за спортските теренци на Skoda. Тој е моќен и емотивен, но и безвременски.

Што е посебно во дизајнерскиот јазик на големиот спортски теренец?

Кабан: Skoda Kodiaq е мошне приспособлива. Таа е исклучително просторна и со компактните надворешни димензии го нуди најдобриот сооднос во својата класа. Таа исто така е робусна, одговара за сите типови на терен и нуди најдобра флексибилност и функционалност. Сакавме да го прикажеме тоа во надворешниот дизајн, како и во внатрешноста. Поради тоа, формата и функционалноста се во хармонија во Skoda Kodiaq. Кристалната и впечатлива појава исто така ги нагласува моќта и карактерот на Skoda Kodiaq.

Како се спојуваат дизајнот и функционалноста?

Кабан: Настојуваме да споиме највисок степен на естетика со максимална функционалност на таков начин што никој повеќе нема да ги гледа како тоа да се различни критериуми. Ја бараме убавината во едноставноста, без да ги запоставуваме функционалноста или ергонимијата. Добриот дизајн постигнува фунционалноста да биде привлечна. Овој баланс меѓу функционалност и естетика прави нашата Skoda Kodiaq да биде нешто посебно.

Каква улога има чешкиот кристал во сето ова?

Кабан: Во секој детал на нашите модели има приказна, тоа е емотивната моќ на марката. За елементите што потсеќаат на кристали во Skoda Kodiaq се инспириравме од традиционалниот чешки кристал. Линиите се листи, прецизни и извлечени остро. Кристалната структура е присутна во сите детали, како на пример во светлата или во декоративните елементи.

Што е за Вас најинтересен дизајнерски детал во внатрешноста на Skoda Kodiaq?

Кабан: Ние во внатрешноста ги пренесовме широките и јасни линии од надворешноста. Нагласокот е во хармонијата меѓу формата и функционалноста, спокојот и јаснотијата. За мене, автомобилот мора да функционира совршено, но и да оддава естетика. Внатрешноста треба да предизвика чувство на доверба и спокој. Со таа философија создадовме атмосфера којашто во исто време е елегантна, комфорна и функционална.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Brabus го има најбрзиот кабриолет во светот: 850 КС за Mercedes S-Class Cabrio

Следната генерација на електричниот Nissan Leaf со двапати поголем досег