Женева 2015: Авангарда на иднината на Audi

Audi R8 V10 plus

Audi ја има зад себе најуспешната година во историјата на фирмата. Во минатата година, марката од Инголштат продаде 1,74 милион возила во светот. Тоа се 10,5 проценти повеќе отколку во 2013 година. За да продолжи по овој пат на успехот, Audi до крајот на декадава ќе инвестира 24 милијарди евра во нови технологии и модели. „Аудијанците“ покажаа како ќе изгледа тоа преку нивниот настап на салонот во Женева.

По два месеци и премиерата на новиот Audi Q7 во Детроит, на салонот покрај Лак Леман се појавува Q7 E-Tron Quattro под светлото на рефлекторите. Големиот спортски теренец со хибриден погон од следната пролет ќе добие придружба од најбрзиот Audi на сите времиња. Со 610 КС, Audi R8 V10 Plus забрзува до двеста за помалку од десет секунди и не престанува до 330 km/h. Неговите ласерски светла го осветлуваат патот 600 метри пред возилото и се грижат за правилно осветлување во сите услови на возење.

На салонот во Женева беа претставени и електричниот R8 E-Tron, како и R8 LMS, последнава како GT3-верзија за тркачките патеки. Досегот од 450 километри му овозможи на шефот на развојниот тим Улрих Хакенберг да извози од Инголштат до Женева само со енергијата во батериите, а како што тој вели, целиот пат му претставувал уживање.

Салонскиот автомобил Audi Prologue Avant, како втора студија на новиот главен дизајнер Марк Лихте по купе верзијата, го означува почетокот на новата дизајнерска ера на марката. Улрих Хакенберг нагласи дека спортските комби модели со знакот на Audi ќе го добијат овој изглед во идните генерации. Издолжениот покрив и впечатливо големата маска се меѓу најсилните белези на идниот дизајн на моделите Avant. Хоризонталната ориентација на дизајнот се повторува и во внатрешноста, каде што исто така претстои револуција, предводена со виртуелниот кокпит со мрежно поврзување. Идниот Avant може да извози преку 50 километри со енергијата во батериите, пред да се приклучи дизелскиот V6 од три литри. Хибридот забрзува до сто за 5,1 секунди и поставува нови стандарди и со потрошувачкат од 1,6 литар дизел на сто километри.

Претходна објаваСезоната наближува: Вака ќе го вратите велосипедот во форма
Следна објаваVolkswagen го откажува Polo со две врати

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here