Футуристичкиот проект на Британците што се води како „Проект Идн“ и покажува максимална грижа кон животната средина отсега вклучува и 18 електрични автомобили од Renault.
Осумнаесет возила на Renault со електричен погон стануваат дел од британската „Рајска градина“, како еден од најспектакуларните проекти во светот за заштита на животната средина. Во оваа светски позната туристичка дестинација во Корнвол пристигнаа Zoe, Twizy и Kangoo Z.E., актуелните модели со електричен погон од понудата на француската марка.
Imagine studying here. Find out how you can, at our degree courses open day on 25 June. https://t.co/XhHr37DPV1 pic.twitter.com/jJuNPagt9d
— Eden Project (@EdenProject) June 15, 2016
Токму популаризацијата на електричниот погон претставува една од целите на „Проект Идн“, како еден од начините за намалување на штетното влијание од издувните гасови од автомобилите со конвенционален погон врз животната средина. Електричните возила на Renault ќе се користат при секојдневните работни обврски на персоналот во „Проект Идн“ и со тоа ќе претставуваат уште една атракција за туристите.
Покрај тоа што со тивката и чиста работа се вклопуваат совршено во најстрого контролираните биотопи во рамките на еколошкиот проект што Британците го претворија во туристичка атракција, електричните возила им овозможуваат на менаџерите на „Проект Идн“ да ги смалат и оперативните трошоци за возниот парк.
Renault е лидер во продажбата на електрични возила на европскиот пазар, со 23.086 возила продадени лани. Француската марка досега има продадено над 94.000 возила со погон на струја.
[FAG id=24881]

















