за

Електричните автомобили ќе полнат батерии без потреба од кабел

Електричните автомобили во најблиска иднина ќе ги полнат батериите по пат на индукција, без потреба од кабел. Возилото едноставно се паркира на предвиденото место во коешто е впуштена платформата за безжично полнење и понатаму целата постапка се одвива автоматизирано.

Приклучувањето на електричните автомобили на полнач, за многумина корисници не е пријатно и практично доживување, особено кога при студ и снег треба да се ракува со гломазниот кабел. Веќе подолго време браншата се занимава со полначи што се впуштени во подлогата и овозможуваат безжично полнење на батериите. Qualcomm веќе има готово решение и меѓу другото има остварено соработка со Mercedes на тоа поле.

На салонот за потрошувачка електроника во Лас Вегас е прикажан хардверот на системот наречен Halo. Производителот има во понуда различни полначи на коишто електричните и плагин-хибридните автомобили можат да ги полнат батериите со електрична моќност од 3,7 до 22 киловати. Ефикасноста на безжичниот полнач изнесува 90 проценти.

Системот на Qualcomm се користи подолго време за полнење на батериите на безбедносниот BMW i8 во тркачката серија Формула Е. Продажбата на безжичните полначи се очекува да стартува веќе во текот на годинава. Mercedes најави дека S 550e од новото моделско годиште ќе ја подржува оваа технологија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Panasonic со спектакуларен концептен автомобил на саемот во Лас Вегас

Калифорнија ќе ги запленува автономните такси-возила на Uber